Карикатура

50. Светска галерија на карикатури - Скопје 2018

Драги пријатели карикатурист, време е повторно да го освоите светот со вашите карикатури!
ОСТЕН ве поканува да учествувате на 50-та СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ Скопје 2018

Симнете ја ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО, пополнете ја, испратете ја заедно со вашите дела и можете да добиете една од следните награди:
 
ПРВА НАГРАДА за карикатура (1000$)
ПРВА НАГРАДА за сатиричен цртеж (1000$)
ПРВА НАГРАДА за стрип (1000$)
10 ПОСЕБНИ НАГРАДИ (плакети)
НАГРАДА ЦИЦО (за македонски карикатурист)

Следејќи ја нашата посветеност за создавање и зачувување на уметноста на хартија, само ОРИГИНАЛНИ ДЕЛА 
(рачно нацртани карикатури, сатирични цртежи, стрипови) ќе бидат разгледувани при процесот на селекција. 
Тие треба да бидат испратени најдоцна до 31-ви март 2018 г. на нашата адреса:

ОСТЕН – СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ
8-ма Ударна бригада 2, 1000 Скопје, Македонија

Селектор:
Ердоган БАСПЛ, Турција  (карикатурист)

Членови на жири:
Ан ТЕЛНЕС, САД (уредник-карикатурист на Вашингтoн пост)
Рос ТOМСOН, Oбединето кралство (карикатурист)
Мостафа РАМЕЗАНИ, Иран/Франција (карикатурист и графички дизајнер)
Владимир КАЗАНЕВСКИ, Украина (карикатурист и предавач по Теорија на уметноста на карикатурата)
Mice JANKULOVSKI, Macedonia (уметник, карикатурист и претставник од ОСТЕН)
 
Жири комисијата ќе одлучува во април 2017, а отворањето на изложбата и официјалното објавување на наградите на
50-та СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ Скопје 2018 ќе се одржи на 25-ти мај 2018 г. во галерија ОСТЕН во Скопје
 
Симнете ја ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО, поплнете ја, пријавете се, следете нé на FB и не заборавајте оваа информација да ја споделите со вашите колеги и пријатели.  За дополнителни информации, секогаш можете да не контактирате на cartoons@osten.com.mk
ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО