OSTEN BIENNIAL of DRAWING 2020 Skopje, North Macedonia

ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ Скопје 2020

Во 2020 година, како и во изминатите години, повторно сме во подготовка на ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ, каде уметниците од целиот свет имаат можност да ги покажат своите најнови уметнички остварувања и да добијат една од следниве награди:

ГРАН ПРИ ЗА ЖИВОТНО ОСТВАРУВАЊЕ
ПОСЕБНО ГРАН ПРИ (по повод 75 години ОСТЕН)
НАГРАДА СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
5 ПРВИ НАГРАДИ (5х 1000 УСД)
5 НАГРАДИ ЗЛАТЕН ОСТЕН
(Учество на Програмата за престој на уметници „Златен Остен” во Скопје)
ПОСЕБНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ОД ЖИРИ
ПОСЕБНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ОД ОСТЕН
НАГРАДИ ОД САВУ
(Светска асоцијација на визуелни уметности)

Многумина од вас веќе биле дел од оваа реномирана манифестација и ги знаат правилата, но само да ве потсетиме дека  ОСТЕН е посветен на создавање и зачувување на уметноста на хартија, но и на поттикнување на нови, креативни и современи интерпретaции на цртежот со потполна уметничка слобода.

Вашите дела од поновата продукција (2018 - 2020) ги очекуваме најдоцна до 31 мај 2020 година на нашата адреса:  
ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ
8. Ударна Бригада 2, 1000 Скопје, Македонија
Симнете ја ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО и пријавете се, следете нé на ФБ и не заборавајте оваа информација да ја споделите со вашите колеги и пријатели. За сите дополнителни информации можете да не контактирате на drawing@osten.com.mk