Цртеж

ИЗЛОЖБА во КИЦ - Скопје

39. Светска галерија на цртеж – Скопје 2011, Биенале на наградени автори

ИЗЛОЖБАТА на ОСТЕНОВИТЕ УМЕТНИЦИ на 2011 година од 39. Светска галерија на цртеж 2011 – Биенале на наградени автори, на ОСТЕН, ќе биде изложена во Културно информативниот центар – Скопје, во четврток, 17.11.2011 во 20ч. Истата беше отворена на 22 септември на терасата на хотел Аполонија, плоштад Гевгелија.

Реномирани уметници од Германија, Шведска, Италија, Полска, Бугарија и Македонија - добитници на наградата „Златен Остен“ на 38. Светска галерија на цртеж 2010, за време на нивниот престој во Охрид и Гевгелија во септември 2011, создаваа нови дела кои се дел од оваа изложба. 

ОСТЕНОВИТЕ УМЕТНИЦИ на 2011 година се: Јоже Циуха (Словенија), Божидар Дамјановски (Србија), Петер Хајдек (Германија), Симон Шемов (Македонија), Васко Ташковски (Македонија), Стефан Бергер (Шведска), Венцеслав Антонов (Бугарија), Павел Вархол (Полска), Паоло Чампини (Италија), Ниче Василев (Македонија), Павле Кузмановски (Македонија), Агата Герчен (Полска), Доне Милјановски (Македонија), Јован Балов (Германија), Мице Јанкуловски (Македонија) и Росица Лазеска (Македонија). 

Поставката се состои од сите 16 дела (платна со димензија 170х340см.) кои беа во конкуренција за наградите на ОСТЕН. Истовремено, во Галерија ОСТЕН ќе бидат поставени цртежите на наградените автори, исто со димензии 170х340см.

Медиуми: