ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ Скопје 2018

Драги пријатели уметници,
Поканети сте да учествувате на ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ Скопје 2018!

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Во 2018 година, како и во изминатите години, повторно сме во подготовка на ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ, каде уметниците од целиот свет имаат можност да ги покажат своите најнови уметнички остварувања и да добијат една од следниве награди:

ГРАН ПРИ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО
НАГРАДА СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
5 ПРВИ НАГРАДИ
1 НАГРАДА НА ИМАФ
6 НАГРАДИ ЗЛАТЕН ОСТЕН
ПОСЕБНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ОД ЖИРИ
ПОСЕБНИ НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ОД ОСТЕН

Многумина од вас веќе биле дел од оваа реномирана манифестација и ги знаат правилата, но само да ве потсетиме дека  ОСТЕН е посветен на создавање и зачувување на уметноста на хартија, но и на поттикнување на нови, креативни и современи интерпретaции на цртежот со потполна уметничка слобода.

Вашите дела од поновата продукција (2015 - 2018) ги очекуваме најдоцна до 30 април 2018 година на нашата адреса:  
ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ
8. Ударна Бригада 2, 1000 Скопје, Македонија
Селекцијата ќе се одржи во јуни 2018, жири комисијата ќе жирира кон крајот на истиот месец, а официјалното отворање на ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ Скопје 2018 и објавувањето на наградите ќе биде на 18 октомври 2018.

ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Симнете ја ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО и пријавете се, следете нé на ФБ и не заборавајте оваа информација да ја споделите со вашите колеги и пријатели. За сите дополнителни информации можете да не контактирате на drawing@osten.com.mk