ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ Скопје 2016

 

Драги пријатели,

 

Ви благодараме за учеството на ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2016
 

Бордот и Советот на амбасадори на ОСТЕН донесе одлука за највисоките награди на ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2016:
 

ГРАН ПРИ ЗА ЖИВОТНО ОСТВАРУВАЊЕ – Тони КРЕГ, Британија / Германија
 

НАГРАДА СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО – Салвадор ДАЛИ, Шпанија
 

Со задоволство ви соопштуваме дека Биеналето на цртеж Скопје 2016 е исклучително успешно според бројот на учесници (690 учесници) / пристигнати дела (2246 дела), според разновидноста на културите на земјите кои овие уметници ги претставуваат (66 земји), а особено според квалитетот на пристигнатите дела.

Огромниот интерес за учество на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ Скопје 2016 бараше посебно професионален пристап при процесот на селекција, па тој се одвиваше во три фази – избор на уметници по земји (национални куратори), селекција (селектои) и жирирање (интернационално жири).

 

Резултатот на овој извонредно комплексен и одговорен процес го имате ОВДЕ...

 

Oбјавувањето на наградените автори ќе биде во првата недела на септември 2016.

Официјалното објавување на наградите и отворањето на изложбата на наградените автори и ќе биде на 22-ри септември (четврток) 2016 година во галерија ОСТЕН, Скопје.

Делата на уметниците кои се застапени со една репродукција во каталогот ќе бидат изложени во рамките на ПРОГРАМАТА на БИЕНАЛЕТО која ќе се одвива од 22-ри септември 2016 до 22 фебруари 2017 година. Деталната ПРОГРАМА на ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2016 ќе биде објавена на веб страницата на ОСТЕН