Цртеж

Остен биенале на цртеж

ОСТЕН – уметност на хартија наоѓа голем поттик во 40-годишната традиција на Светската галерија на карикатури и има цел да ги презентира делата на уметниците преку карикатурата, сатиричниот цртеж, стрипот. Светската галерија на цртеж, претставува прирoдно проширување на активностите на ОСТЕН, со тоа што е посветена на негувањето на цртежот и графиката.
Светската галерија на цртеж е единствена манифестација од таков вид во Македонија која ги следи  современите текови во областа на визуелните уметности и која брзо се развива и се збогатува со нови содржини во уметноста на хартија. Замислена е како биенална манифестација, односно „рдовната“ Светска галерија на цртеж се одржува на секои две години, додека во годините помеѓу две Светски галерии на цртеж (исто така биенално) - се организира Светска галерија на цртеж на наградени автори.  
Како дел од наградата Златен ОСТЕН, која се доделува на секоја Светска галерија на цртеж, предвиден е престој на уметниците добитници на оваа награда во Македонија. Делата кои се продуцираат за време на престојот на уметниците во Македонија во рамките на програмата за престој ЗЛАТЕН ОСТЕН, како и делата од авторите на секое издание на Светската галерија на цртеж се дел од колекцијата на Музејот на цртеж. ОСТЕН Музејот на цртеж е еден од најновите и можеби најамбициозните проекти на ОСТЕН – уметност на хартија. 
 
Сметаме дека токму со нашата посветеност за цртежот и негувањето на нешто толку основно, базично и суштинско, најмногу допринесуваме за развој на уметноста.