ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ СКОПЈЕ 2022

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Биеналето на цртеж (во организација на ОСТЕН Скопје, С. Македонија) го негува современиот цртеж во неговата проширена дефиниција која е отворена за се што е ново и е многу посеопфатно од традиционалното, давајќи предност на дела кои ги разбиваат старите и излитени ликовни матрици, дела кои имаат специфичен авторски белег или навестуваат обид за исчекор надвор од востановените академски правила, во слободниот простор на создавањето, но ја вклучуваат линеарноста како доминантно средство за изразување. Биеналето отвора можност за поместување на конвенционалните граници, како од аспект на користењето на цртачките технички средства и материјали, така и од аспект на творечката слобода на изразувањето. Затоа - слободно пријавете ги вашите најиновативни и најкреативни дела, без оглед на формата, техниката или медиумот. 

Учеството на Биеналето на цртеж е отворено за уметници (18+) како индивидуи или групи (до 5 уметници), при што:
  • Уметниците сами одлучуваат за видот, темата, формата, техниката / медиумот и форматот на делата.
  • Уметниците кои учествуваат во групен проект, исто така можат да аплицираат и индивидуално.  
  • Делото од учесниците во групен проект ќе се смета како едно дело - заедничко авторско дело на групата.

УСЛОВИ за УЧЕСТВО

За РЕГУЛАРНО ПРИЈАВУВАЊЕ  (до 31 Мај 2022) уметникот треба:
  1. да се пријави преку ОНЛАЈН ПРИЈАВАТА заедно со кратка биографија и портретна фотографија (за промотивни цели на Биеналето)
  2. да пријави до пет дела создадени меѓу 2019-2022 год. (делата кои се состојат од повеќе делови - диптих, триптих, полиптих - ќе се сметаат како едно дело)
  3. да прикачи дигитални фотографии на делото/ата, како составен дел од онлајн пријавата (задолжително целосна фотографија од делото/ата + детали по избор) во .jpg .png или .tiff формат (300dpi), максимум 2MB.
       Забелешка: Ве молиме, бидете прецизни со форматот на фотографиите, бидејќи тие ќе се користат за каталогот на Биеналето, доколку се селектирани.

СЕЛЕКТИРАНИТЕ УМЕТНИЦИ ќе бидат известени преку е-пошта за да ги испратат пријавените ОРИГИНАЛНИ ДЕЛА по пошта на адресата на ОСТЕН во Скопје (повеќе детали во делот „Испраќање на дела“)

СИТЕ ПРИЈАВЕНИ ДЕЛА од уметниците од Северна Македонија остануваат во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж (за што ќе бидат доделени сертификати).

Со испраќање на ОНЛАЈН ПРИЈАВАТА, уметникот се согласува организаторот да ги користи, изложува, проучува и објавува неговите дела за потребите на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ и ОСТЕН Музејот на цртеж.

Краен рок за ОНЛАЈН ПРИЈАВУВАЊЕ - 31 мај 2022 година
Краен рок за ОБЈАВУВАЊЕ на РЕЗУЛАТИТЕ ОД СЕЛЕКЦИЈАТА - 30 јуни 2022 година
Краен рок за ИСПРАЌАЊЕ НА ДЕЛАТА преку пошта - 15 август 2022 година

ИСПРАЌАЊЕ на ДЕЛАТА (само за СЕЛЕКТИРАНИТЕ УМЕТНИЦИ)

СЕЛЕКТИРАНИТЕ УМЕТНИЦИ треба да ги испратат сите свои ОНЛАЈН ПРИЈАВЕНИ ДЕЛА* преку пошта на адресата на ОСТЕН:
ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ
8. Ударна бригада 2, 1000 Скопје
Северна Македонија
 
* Делата кои не соодветствуваат со сликите на онлајн пријавените дела - ќе бидат одбиени.

УПАТСТВО:
- Транспортот на делата е целосно во организација на уметниците (вклучително трошоците)
- Организаторот не презема никаква одговорност во случај на оштетување или губење на делата
- На задната страна на секое дело треба да стои: Име и презиме на уметникот, наслов на делото, година на создавање, техника / медиум и големина на делото (в х ш) - според образецот за пријавување
- Делата треба да бидат испратени без рамки и соодветно спакувани според нивните димензии: во картонска амбалажа со засилена заштита за аглите (кај помали димензии) или во туба (кај поголеми димензии)
 
СЕЛЕКЦИЈА и ЖИРИРАЊЕ

Селекторка и кураторка на ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРЕЖ Скопје 2022 е Корнелија КОНЕСКА која:
- Прави список на уметници (СЕЛЕКТИРАНИ УМЕТНИЦИ) кои ќе бидат изложени на официјалната изложба на Биеналето и ќе бидат претставени со репродукција во каталогот на Биеналето
- Изработува ПРЕДЛОГ ЛИСТА на ФИНАЛИСТИ на Биеналето кои ќе бидат предложени на меѓународното жири
- Одлучува кои дела од СЕЛЕКТРИАРНИТЕ УМЕТНИЦИ ќе бидат изложени на официјалната изложба.
 
Три членото ИНТЕРНАЦИОНАЛНО ЖИРИ на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ Скопје 2022:
- Одлучува кое дело од СЕЛЕКТИРАНИТЕ УМЕТНИЦИ ќе биде репродуцирано во каталогот на Биеналето
- Ја прави КОНЕЧНАТА ЛИСТА на ФИНАЛИСТИ на Биеналето
- Одлучува за НАГРАДИТЕ од ЖИРИ предвидени од Организаторот

НАГРАДИ

НАГРАДИ од СОВЕТОТ на амбасадори на ОСТЕН
ГРАН ПРИ ЗА ЖИВОТНО ОСТВАРУВАРУВАЊЕ
НАГРАДА СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
ПОСЕБНО ГРАН ПРИ
НАГРАДИ од ИНТЕРНАЦИОНАЛНОТО ЖИРИ
5 ПРВИ НАГРАДИ (1000$ / секоја)
3 ПОСЕБНИ НАГРАДИ 
2 ПОСЕБНИ ПРИЗНАНИЈА
НАГРАДИ од БОРДОТ на ОСТЕН
5 НАГРАДИ ЗЛАТЕН ОСТЕН
5 НАГРАДИ ОСТЕН
ПОСЕБНИ НАГРАДИ и ПРИЗНАНИЈА од ОСТЕН
НАГРАДИ од САВУ (Светска асоцијација на визуелните уметности)

ПРЕЗЕНТАЦИЈА на ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2022

НАЈАВА на БИЕНАЛЕТО          31 мaј 2021 – 31 мaј 2022 (самостојни и групни претставувања во ГАЛЕРИЈА ОСТЕН Скопје)
ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА     1 септември 2022 – 28 февруари 2023 (во ГАЛЕРИЈА ОСТЕН Скопје)
ОФИЦИЈАЛНА ИЗЛОЖБА       28 февруари – 31 март 2023 (во Национална галерија на Р.С. Македонија)
КОНТИНУИРАНА ИНТЕРНАЦИОНАЛА ПРОМОЦИЈА 
 
ОСТЕН БИЕНАЛЕ на ЦРТЕЖ Скопје 2022 - КАТАЛОГ

НАГРАДЕНИТЕ УМЕТНИЦИ добиваат копија од каталогот по пошта
ДРУГИТЕ УЧЕСНИЦИ ќе можат да го нарачаат каталогот, по намалена цена од 2.400 мкд (со вкулучени поштенски трошоци) правејќи ПРЕД-НАРАЧКА - ТУКА>>>
Регуларната цена на каталогот - одкако каталогот ќе биде публикуван - ќе биде 2.900 мкд (со вкулучени поштенски трошоци).
 
ВАЖНИ КРАЈНИ РОКОВИ – НЕ ГИ ИСПУШТАЈТЕ !!!

ОНЛАЈН АПЛИЦИРАЊЕ  | 31 мај 2021 – 31 мај 2022
НАЈАВНИ ИЗЛОЖБИ на БИЕНАЛЕТО | 31 мај – 31 мај 2022 (во ГАЛЕРИЈА ОСТЕН Скопје)
СЕЛЕКЦИЈА | јуни 2022
ОБЈАВУВАЊЕ НА СЕЛЕКТИРАНИТЕ УМЕТНИЦИ | најдоцна 30 јуни 2022
ИСПРАЌАЊЕ на ОРИГИНАЛНИ ДЕЛА по пошта | 15 август 2022
ЖИРИРАЊЕ | август 2022
ОБЈАВУВАЊЕ на ФИНАЛИСТИ И НАГРАДЕНИ УМЕТНИЦИ | септември 2022
ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА | 1 сеп. 2022 – 28 февруари 2023 (во ГАЛЕРИЈА ОСТЕН Скопје)
ОФИЦИЈАЛНА ИЗЛОЖБА | февруари / март 2023 (церемонијално доделување на наградите)


ПОДНЕСУВАЊЕ на ОНЛАЈН ПРИЈАВА за ИНДИВИДУАЛНО УЧЕСТВО - ТУКА >>> 
ПОДНЕСУВАЊЕ на ОНЛАЈН ПРИЈАВА за ГРУПНО УЧЕСТВО - ТУКА >>>