Карикатура

ПРАВИЛА за учество

ОСНОВНИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО на СВЕТСКАТА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ организирана од ОСТЕН

На манифестацијата можат да земат учество КАРИКАТУРИСТИ од целиот свет – професионалци, полупрофесионалци и аматери. За учество на манифестацијата НЕМА КОТИЗАЦИЈА.

Учесниците учествуваат на натпреварот со ОРИГИНАЛНИ КАРИКАТУРИ, САТИРИЧНИ ЦРТЕЖИ И СТРИПОВИ – рачно нацртани дела на хартија, кои се авторски дела на уметниците и не се претходно публикувани.

ДИГИТАЛНИ И ДРУГИ ПЕЧАТЕНИ ДЕЛА не се прифаќаат на регуларната Светска галерија на карикатури,  која традиционално се одржува секој последeн четврток на мај. Повремено, ОСТЕН ќе организира тематски конкурси за дигитална карикатура, но тие ќе бидат посебно најавувани и промовирани.

Имињата на СИТЕ КАРИКАТУРИСТИ учесници ќе бидат објавени во Индексот на учесници во каталогот на актуелното издание на Светската галерија на карикатури. СИТЕ УЧЕСНИЦИ добиваат дигитална верзија на каталогот и дигитален Сертификат за учество по е-маил. 

ИЗБРАНИТЕ КАРИКАТУРИСТИ во првата селекција се презентираат во каталогот со по едно дело. Тие добиваат бесплатен каталог и отпечатен Сертификат како истакнати карикатуристи на Светската галерија на карикатури по пошта.

НАГРАДЕНИТЕ КАРИКАТУРИСТИ добиваат плакета и/или парична награда (во зависност од наградата). Добредојдени се, но нивна одлука е дали ќе присуствуваат на церемонијата лично да ја добијат наградата. Доколку дојдат, ОСТЕН покрива нивно
3-дневно сместување во Скопје. Доколку не, добиваат каталог и плакета по пошта, а парична награда ја добиваат на нивната сметка до крајот на тековната година.

СИТЕ ПРИМЕНИ ДЕЛА (со исклучок на наградените и селектираните во првата селекција) се враќаат на уметниците  по нивно барање и на нивни трошок. Делата ќе бидат вратени на авторите со препорачана пратка по пошта. ОСТЕН не сноси одговорност за евентуални штети или губиток на испратените дела.

СИТЕ ДЕЛА КОИ ОСТАНУВААТ ВО КОЛЕКЦИЈАТА НА ОСТЕН се сметаат за донација од нивните автори и тие НЕ СЕ за комерцијални цели. Со донирањето на делата од страна на авторите на организаторот:
-  ОСТЕН има ЕКСКЛУЗИВНО МАТЕРИЈАЛНО ПРАВО врз делата (и обврска да ги чува)
- ОСТЕН има НЕ-ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО делата од својата колекција да ги користи, проучува, изложува и публикува за реклама и промоција на уметниците, колекцијата и самата манифестација, без надокната на уметниците и без ограничувања за видот на медиумот, временскиот период и местото на објавување. Секој друг аспект на авторските права на делата од колекцијата на ОСТЕН остануваат на авторите.
Во случај на други околности, ќе се направи НОВА СПОГОДБА помеѓу ОСТЕН и авторите.

На секое издание на Светската галерија на карикатури, ОСТЕН доделува:
  3х Приви награди (плакета и парична награда)
10х Посебни награди (плакета)
  1х Награда ЦИЦО (за македонски карикатурист)

За секое издание на Светската галерија на карикатури, ОСТЕН печати ексклузивен каталог од избрани уметници/дела. За одржување и растење на популарноста на оваа престижна манифестација на карикатури, се презема голема медиумска и интернет кампања.