52-ра Светска галерија на карикатури - Скопје 2020

Драги пријатели КАРИКАТУРИСТИ, веќе сме половина век заедно!

Задоволни што во текот на нашето педесет-и-едно годишното постоење направивме мрежа на исклучителни карикатуристи – соработници и пријатели на ОСТЕН, со гордост ја најавуваме 52-та СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ Скопје 2020!

ПРИЈАВУВАЊЕ

Прочитајте ги УСЛОВИТЕ, пополнете ја ПРИЈАВАТА и испратете ја на е-маил адресата cartoons@osten.com.mk заедно со дигиталните слики на вашите карикатури, сатирични цртежи или стрипови (препорачлив формат .jpg .png .tif .eps, 300 dpi)

Карикатуристите кои ќе бидат селектирани од страна на селекторот ќе бидат замолени да ги испратат (донесат) селектираните дела (за да бидат претставени пред интернационалното жири) на нашата адреса :
ОСТЕН – СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ, 8-ма Ударна бригада” 2, 1000 Скопје, Македонија
со назнака: БЕЗ КОМЕРЦИЈАЛНА ВРЕДНОСТ! САМО ЗА ИЗЛОЖБА!!! – најдоцна до 30-ти април 2020

Доследни на нашата заложба за зачувување и поттикнување на уметноста на хартија, очекуваме ОРИГИНАЛНИ - рачно нацртани дела. Но, доколку авторот работи исклучиво во дигитална техника, ќе земеме во предвид ДИГИТАЛНИ ДЕЛА – отпечатени, насловени, нумерирани и потпишани со моливна на предната страна.

ВАЖНИ ДАТУМИ

30 април 2020 - краен рок за пријавување преку е-маил
15 мај 2020 - објавување на селектираните карикатуристи
15 јуни 2020 - испраќање на оригиналните дела
јули / август 2020 - објавување на наградените карикатуристи

септември 2020 - отворање на изложбата и доделување на награди

НАГРАДИ

ГРАН ПРИ за ЖИВОТНО ОСТВАРУВАЊЕ (1500$)
ПРВА НАГРАДА (1000$)
ВТОРА НАГРАДА (500$)
5 ТРЕТИ НАГРАДИ (Плакета)
5 НАГРАДИ ЗЛАТЕН ОСТЕН (Плакета)
НАГРАДА ЦИЦО* за македонски карикатурист (Плакета)
* Во чест на големиот македонски карикатурист Василијe Поповиќ – Цицо
 
Симнете ја ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО, поплнете ја, пријавете се, следете нé на FB и не заборавајте оваа информација да ја споделите со вашите колеги и пријатели.  За повеќе информации на www.osten.mk и секогаш можете да не контактирате на cartoons@osten.com.mkВЕ ОЧЕКУВАМЕ !!!