52-ра Светска галерија на карикатури - Скопје 2020

Драги пријатели КАРИКАТУРИСТИ, веќе сме половина век заедно!

Задоволни што во текот на нашето педесетиедно годишно постоење направивме мрежа на исклучителни карикатуристи – соработници и пријатели на ОСТЕН, со гордост ја најавуваме 52-та СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ Скопје 2020!
Време е повторно да го освоите светот со вашите карикатури!

ПРИЈАВУВАЊЕ

Прочитајте ги УСЛОВИТЕ, пополнете ја ПРИЈАВАТА, испратете ја на е-маил адресата cartoons@osten.com.mk ,
a потоа отпечатена испратете ја заедно со ВАШИТЕ ДЕЛА на адреса:
ОСТЕН – СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ, 8-ма Ударна бригада” 2, 1000 Скопје, Македонија
со назнака: NO COMMERCIAL VALUE! FOR EXHIBITION ONLY!!! – најдоцна до 30-ти април 2020

Во принцип се очекуваат ОРИГИНАЛНИ - рачно нацртани дела. Само доколку авторот работи исклучиво во дигитална техника,
ќе се земаат во предвид и ДИГИТАЛНИ ДЕЛА – отпечатени, нумерирани и потпишани со моливна на предната страна.

ВАЖНИ ДАТУМИ

30 април 2020 - краен рок за пријавување и испраќање на делата
до 31 мај 2020 - објавување на селектираните карикатуристи
до 30 јуни 2020 - објавување на селектираните и наградените автори
24 септември 2020 - отворање на изложбата и доделување на награди

НАГРАДИ

ГРАН ПРИ за ЖИВОТНО ОСТВАРУВАЊЕ (1500$)
ПРВА НАГРАДА (1000$)
ВТОРА НАГРАДА (500$)
5 ТРЕТИ НАГРАДИ (Плакета)
5 НАГРАДИ ЗЛАТЕН ОСТЕН (Плакета)
НАГРАДА ЦИЦО* за македонски карикатурист (Плакета)
* Во чест на големиот македонски карикатурист Василијe Поповиќ – Цицо
 
Симнете ја ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО, поплнете ја, пријавете се, следете нé на FB и не заборавајте оваа информација да ја споделите со вашите колеги и пријатели.  За повеќе информации на www.osten.mk , a можете да не контактирате и на cartoons@osten.com.mk .
ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !!!

ОСТЕН ве поканува да учествувате на 52та СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ Скопје 2020