53-та Светска галерија на карикатури - Скопје 2021

Драги пријатели КАРИКАТУРИСТИ, да ја започнеме годината со убава вест!
Задоволни што во текот на нашето педесет-и-две годишното постоење направивме мрежа на исклучителни карикатуристи – соработници и пријатели на ОСТЕН, ја објавуваме 53-та СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ Скопје 2021!

ПРИЈАВУВАЊЕ
За РЕГУЛАРНО ПРИЈАВУВАЊЕ апликантот треба:
- да пополни ПРИЈАВА за УЧЕСТВО (електронски или рачно) и да ја испрати на е-маил адресата cartoons@osten.com.mk заедно со фотографија, куса биографија и дигитални слики на дела кои ги пријавува
- електронски пријавените дела ДА ГИ ИСПРАТИ ПО ПОШТА заедно со отпечатената и потпишаната пријава на нашата адреса:
ОСТЕН – СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ, “8-ма Ударна бригада” 2, 1000 Скопје, С. Македонија
со назнака: БЕЗ КОМЕРЦИЈАЛНА ВРЕДНОСТ! САМО ЗА ИЗЛОЖБА!!! – најдоцна до 30 април 2021!

Доследни на нашата заложба за зачувување и поттикнување на уметноста на хартија, очекуваме ОРИГИНАЛНИ - рачно нацртани дела. Но, доколку авторот работи исклучиво во дигитална техника, ќе земеме во предвид ДИГИТАЛНИ ДЕЛА – отпечатени, насловени, нумерирани и потпишани со молив на предната страна.

КРАЈНИ РОКОВИ
30 април 2021 - пријавување
31 мај 2021 - објавување на селектираните карикатуристи
30 јуни 2021 - објавување на наградените карикатуристи
септември 2021 - отворање на изложбата и доделување на награди

НАГРАДИ
ГРАН ПРИ за животно остварување (1500 $ и скулптура) – одлука на амбасадорите на ОСТЕН
ПРВА НАГРАДА (1000 $ и плакета) – одлука на интернационалното жири
ВТОРА НАГРАДА (500 $ и плакета) – одлука на интернационалното жири
5 ТРЕТИ НАГРАДИ (плакета) – одлука на интернационалното жири
5 ПОСЕБНИ НАГРАДИ (плакета) – одлука на интернационалното жири
НАГРАДА ЦИЦО * за македонски карикатурист (плакета) – одлука на Советот на ОСТЕН
* Во чест на големиот македонски карикатурист Василијe Поповиќ – Цицо
 
Симнете ја ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО, поплнете ја, пријавете се, следете нé на  FB  и не заборавајте оваа информација да ја споделите со вашите колеги и пријатели.  За повеќе информации на www.osten.mk и секогаш можете да не контактирате на cartoons@osten.com.mk. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !!!