39.Светска галерија на карикатури - Скопје 2011 и оваа година ја докажа својата зрелост како манифестација од светски ранг. Нејзиното реноме ширум светот е јасно видливо од интересот кој уметниците го покажуваат за учество во самата манифестација – 404 автори, со 880 дела од 64 земји во светот!
ОСТЕН се стреми оваа бројка секоја година да се зголемува, па за таа цел ги мотивира карикатуристите креативно да се активираат, преку доделувањето награди и признанија. Во ова издание на Светската галерија на карикатури - Скопје 2011, ОСТЕН ги додели следниве награди:
Прва награда за карикатура - ЦОЧО ПЕЕВ, Бугарија
Прва награда за сатиричен цртеж - МАКМУДЈОН ЕШОНКУЛОВ, Узбекистан
Прва награда за стрип - ХАМИДРЕЗА МОСАЈЕБИ, Иран
Специјални награди:
ТАВАН ЧУНТРАСКАВОНГ, Тајланд
ВЛАДИМИР НЕНАШЕВ, Русија
ТОШО БОРКОВИЌ, Србија
РИКАРДО КЛЕМЕНТ - АЛЕКСУС, Ел Салвадор
АНАТОЛИ СТАНКУЛОВ, Бугарија
НИКОЛА ЛИСТЕС, Хрватска
ФАРУК СОЈАРАТ, Турција
НИКОЛА АНГЕЛКОВСКИ, Македонија
МИЛЕ МАНЧЕВСКИ, Македонија
ВАЛЕНТИН ГЕОРГИЕВ, Бугарја