Селектор и Меѓународно жири

Селектор

Владимир ПАУН ВРАПЧИУРоманија
ОСТЕН посветува посебно внимание на визуелниот аспект и уметничкиот израз на пристигнатите дела, поради тоа Одборот на ОСТЕН одлучи селекторот на ова издание да биде уметник.
Владимир Паун Врапчиу, е современ романски уметник, член на Унијата на визуелни уметници од Романија и на САВУ (Светската асоцијација на визуелни уметности). Тој е успешен уметник кој има организирано бројни самостојни и заеднички изложби во Романија и во странство и се здобива со меѓународно признание со добивањето на бројни награди меѓу кои и „Наградата ОСТЕН“на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2020 година; истакнатата награда „НАЈДОБАР УМЕТНИК“ од САВУ и „Специјална награда на жирито“ на 13-то биенале во Фиренца 2021 година. Неговото деликатно чувство за визуелен израз и уметничко искуство се вреден придонес во процесот на селекција на 56-та Светска галерија на карикатури Скопје 2024.

Членови на интернационалното жири

Лин ЏОНСТОНКанада
Лин е првата жена која ја добива наградата Рубен за карикатурист на годината од страна на Националното здружение на карикатуристи во 1985 година. Таа е номинирана за Пулицерова награда, има добиено национално признание од Канада и има ѕвезда на канадскиот Булевар на славните.

http://thecomicartoflynnjohnston.com/about-the-artist
Милета МИЛОРАДОВИЌСрбија
Реномиран карикатурист кој има освоено 90 значајни награди и повеќе признанија на домашни и меѓународни натпревари. Имал седум индивидуални изложби и моментално работи како карикатурист за српскиот сатиричен магазин Ошишани јеж. 

https://www.irancartoon.com/site/artists/mileta-miloradovic
Махмуџон ЕШОНКУЛОВУзбекистан
Независен карикатурист кој имал самостојни изложби во Србија, Хрватска и Ташкент. Добитник е на државната награда „Пријателство“ во 2008 година и има освоено 210 награди на различни национални и меѓународни изложби на карикатури. 

https://www.irancartoon.com/.../art.../makhmudjon-eshonkulov
Агим СУЛАЈАлбанија
Талентиран слободен уметник - сликар, илустратор и карикатурист. Неговите уметнички дела се објавени во бројни весници и списанија во Албанија, Италија и пошироко. Со преку 70 престижни награди, тој е ѕвезда на меѓународни натпревари за карикатура. 

https://www.cartoonmovement.com/cartoonist/652
Корнелија КОНЕСКАС. Македонија
Корнелија е извршен директор на ОСТЕН АРТ Скопје – Установа за култура и музејско-галериска дејност. Меѓу трите меѓународни настани што ги одржува ОСТЕН е и Светската галерија на карикатури (од 1969 година).

https://www.osten.mk/en/kornelija-koneska-en/
„Сите фотографии се генерирани со AI“