57-та СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ Скопје 2025

ПРИЈАВУВАЊЕ
За РЕГУЛАРНО ПРИЈАВУВАЊЕ апликантот треба:
- ДА ПОПОЛНИ ФОРМУЛАР за ПРИЈАВУВАЊЕ (електронски или рачно) и да го испрати на е-маил адресата cartoons@osten.com.mk заедно со фотографија, биографија и дигитални слики од делата кои ги пријавува
- ИСТИТЕ ЕЛЕКТРОНСКИ ПРИЈАВЕНИ ДЕЛА – оригинални или дигитални (отпечатени, нумерирани и потпишани) ДА ГИ ИСПРАТИ ПО ПОШТА заедно со отпечатениот и потпишаниот формулар на нашата адреса:
ОСТЕН – СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ, “8-ма Ударна бригада” 2, 1000 Скопје, Северна Македонија
со назнака: БЕЗ КОМЕРЦИЈАЛНА ВРЕДНОСТ! САМО ЗА ИЗЛОЖБА!!! – најдоцна до 31-ви мај 2025!
- НА ЗАДНАТА СТРАНА од секое дело да ГО НАПИШЕ своето име, земјата и насловот на делото

РОКОВИ
• ПРОЦЕСОТ на ОРГАНИЗАЦИЈА на 57. СГК Скопје 2025 се одвива во четири фази:
   - АПЛИКАЦИЈА (31 мај 2025)
   - СЕЛЕКЦИЈА  + објавување на селектирани карикатуристи (јуни 2025)
   - ЖИРИРАЊЕ + објавување на финалисти (јули - август 2025)
   - ОБЈАВУВАЊЕ на НАГРАДЕНИТЕ КАРИКАТУРИСТИ (септември 2025)
• ОФИЦИЈАЛНАТА ИЗЛОЖБАТА и ДОДЕЛУВАЊЕТО на НАГРАДИТЕ (ноември-декември 2025) во Скопје, Р.С.М.

КРАЕН РОК за пристигнување на делата за учество на 57. СГК Скопје 2025 - 31-ви мај 2025 !!!

НАГРАДИ
ГРАН ПРИ за ЖИВОТНО ОСТВАРУВАЊЕ (1500 $ и скулптура) – одлука на амбасадорите на ОСТЕН
ПРВА НАГРАДА (1000 $ и плакета) – одлука на интернационалното жири
ВТОРА НАГРАДА (500 $ и плакета) – одлука на интернационалното жири
5 ТРЕТИ НАГРАДИ (плакета) – одлука на интернационалното жири
5 ПОСЕБНИ НАГРАДИ (плакета) – одлука на интернационалното жири
НАГРАДА ЦИЦО* за македонски карикатурист (плакета) – одлука на Советот на ОСТЕН
* Во чест на големиот македонски карикатурист Василијe Поповиќ – Цицо

Симнете ја ПРИЈАВАТА ЗА УЧЕСТВО, поплнете ја, пријавете се, следете нé на  FB  и не заборавајте оваа информација да ја споделите со вашите колеги и пријатели.  За повеќе информации на www.osten.mk и секогаш можете да не контактирате на cartoons@osten.com.mk. ВЕ ОЧЕКУВАМЕ !!!