Проекти

Антониа Дуенде

Буквите, како знаци на соодветни фонтови, се синтеза на човечкиот развој на интелектот и формата, врска помеѓу визуелниот и звучниот израз, помеѓу гестот и предвидувањето, помеѓу времето и просторот, помеѓу човекот и Богот.
Загатките околу најстарата словенска писменост – глаголицата и нејзините проекции врз различните епохи и култури, се инспирација за бугарската ликовна уметнчка Антонија Дуенде. Преку своите дела обединети под насловот "Трагите на глаголицата", уметничката не вклучува во еден старински и модерен свет на духовни слоеви кои кореспондираат со Истокот и со Западот, со Северот и со Југот. Во овој циклус акварели врз кинеска хартија, авторката ги користи сликите на т.н. „хрватска глаголица“, но истовремено бара општословенска, општоевропска и општочовечка порака на Кирил-Методиевата традиција која со својата антидогматичност и хуманост е жива и денес. Преку сложената обработка на листови со акварел, со додавање и споредување со други системи на знаци како невмите од црковните песни на Јован Кукузел, или фрагменти од текстовите на други азбуки, уметничката бара дијалог и повеќеслојност на различните култури во еден општ современ свет. Мистичната комбинација на кругот, крстот и триаголникот, кои се во основата  на знаците на глаголицата се засилува со карактерниот колорит и уметноста на авторката.
Антонија Дуенде живее и работи во Берлин, но се представува успешно во галерии на различни главни градови во Европа и светот. Нејзините дела  го носат белегот на длабоките традиции на Бугарската и Европската уметност, како и визуелното наследство на
различни фолклорни и религиозни стилови, комбинирани со авангардните ветрови на XXI век. Ќерка на писатели - талентираниот поет Прван Стефанов и литературниот истражувач проф. Надежда Драгова, уметничката носи благотворно влијание на денешниот синкретизам – неизбежен при постигањето на високи дострели во уметноста.

Димитар Христов, директор на КИЦ на Република Бугарија во Република Македонија