Препорачано

ОФИЦИЈАЛНА ИЗЛОЖБА и доделување на НАГРАДИ и ПРИЗНАНИЈА на 54 СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ Скопје 2022

Почитувани карикатуристи, соработници, љубители на уметност и пријатели на ОСТЕН,
Среќни сме да ја објавиме ОФИЦИЈАЛНАТА ИЗЛОЖБА и доделувањето на НАГРАДИТЕ и ПРИЗНАНИЈАТА на 54 СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ Скопје 2022 и ве покануваме да бидете дел од отворањето што ќе се одржи на 22 февруари 2023 година во Националната галерија на С.Македонија - Чифте Амам. во 19ч.
Официјалната изложба ќе биде отворена со врачување на наградите и признанијата на наградените карикатуристи. Ќе бидат изложени карикатури од сите селектирани, финалисти и наградени карикатуристи на 54 СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА на КАРИКАТУРИ Скопје 2022.
Ќе ни биде огромно задоволство и чест, доколку го збогатите овој прекрасен настан со вашето присуство.