Билјана ЈЕВТИЌ, Србија | „ПАУНОВO ОКО – ЈИН-ЈАНГ“ - САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА

Билјана Јевтиќ (Горњи Милановац - Србија, 1973), дипломирала на Академијата за уметности во Нови Сад, на групата графички дизајн, во класата на професорот Бранислав Добановацки во 1998 година, а магистрирала на АУНС, во групата на цртеж, под менторство на професорката Бранка Јанковиќ – Кнежевиќ во 2002 година. Од 2005 година е вработена на истиот факултет, а од 2019 година работи како вонреден професор, од областа на ликовната уметност, во доменот на Цртеж. Исто така, таа е уметник со современа ориентација со широки истражувачки интереси за други медиуми - концептуална уметност (воко-визуелна поезија, фотографија, видео, инсталација).

Галерија