ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО Скопје 2024 на МИКЕЛАНЏЕЛО ПИСТОЛЕТО

На 11 мај 2024 во 12 ч., ОСТЕН АРТ Скопје му ја врачи официјалната награда ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО Скопје 2024 на еден од најголемите уметници на денешницата - МИКЕЛАНЏЕЛО ПИСТОЛЕТО.

Според желбата на Пистолето да биде мотив за поврзување и обединување на луѓето и институциите во регионот, чинот на врачување се одржа во Музејот на современа уметност во Белград, како дел од програмата во рамките на неговата самостојна изложба „Превентивен мир“. Официјалното ГРАН ПРИ - скулптура од македонскиот скулптор Петар Хаџи Бошков, на Маестро Пистолето му ја врачи Корнелија Конеска, извршен директор на ОСТЕН Скопје.
Настанот беше организиран во соработка со Музеј на современа уметност на Белград, Србија (https://bit.ly/3woHZVw) „Зеринтија“ - Асоцијација за современа уметност  (https://bit.ly/4bDgQgf) Рим, Италија и Марио Перони, а подджан од Италијанскиот институт за култура (https://iicbelgrado.esteri.it/it/gli_eventi/calendario/mostra-la-pace-preventiva-di-michelangelo-pistoletto) и Италијанската амбасада во Белград.
Изложбата „Превентивен мир“ на Микеланџело Пистолето (МСУ Белград, 10 мај – 10 септември 2024 г.) дава увид во повеќе од шеесет години пракса на најистакнатиот италијански уметник и еден од највлијателните современи уметници во Европа денес.
Оваа сеопфатна изложба има го прикажува целиот опус на уметникот, вклучително и капиталните дела на Пистолето: Слики во огледало, Венера од партали, Минус објекти, Љубејќи ги разликите - уметничко движење за интермедитеранска политика, Третиот рај и многу други скулптури и инсталации, како како и фотографии, видео - записи, и рани акции во јавен простор.

Фото: Бојана Јањиќ. МСУ Белград

Галерија