Кжиштоф КОНОПКА „Орапизам - Уметност на инација“ - Соло изложба на слики

Кжиштоф КОНОПКА (Ораписта)
Роден 1963 г., Пјотрков Трибуналски, Полска

Кжиштоф КОНОПКА е современ полски уметник и основач на Орапизмот - Уметност на инацијата, ново движење кое ги интегрира уметноста, филозофијата и науката. Вкоренет во потрагата по автентично искуство, Орапизмот се стреми да ја надмине креацијата водена од егото и да ги покани и уметникот и гледачот во простор на присуство, свест и трансформација. Црпи инспирација од невробиологијата, теориите на свеста и духовните традиции, со цел да ја помести перцепцијата од одвоеност (Его) во интеграција (Јас).

Уметничкиот пат на Конопка произлезeгува од потрагата по одговорот на прашањето „Кој сум јас?“. Со отфрлање на интелектуалните шеми, тој доаѓа до практикување на чисто, интуитивно креирање. Неговата филозофија е обликувана од учењата на Лао Це, инспириран е од неговата муза Агњешка и делата на мислители како што се Екхарт Толе, Антонио Дамасио, Стивен Поргес и Рик Штрасман.

Од 2017 година, Конопка го претставува Орапизмот на меѓународно ниво, со изложби во Амстердам, Варшава, Лондон, Рим, Фиренца, Венеција, Виена и Париз, како и претстојни изложби во Скопје (Галерија ОСТЕН, 2025) и Милано (Галерија Иконика, 2025). Неговите дела се објавени во водечки уметнички публикации, како Art Now, Arte, L’a Toscana Nuova, Post Scriptum и Atlante dell’Arte Contemporanea, каде што ќе биде претставен во секцијата Artistar/Grandi Maestri во 2026 година.

Учествувал на големи изложби како што се Биеналето во Фиренца (2019, 2021), Паралакс саемот за уметност во Лондон (2018) и изложби во Галери Тулиер, Париз (2024) и Медина арт, Рим (2019). Неговите дела се претставени и на меѓународни платформи, на настани поврзани со музејот на уметност Метрополитен (Њујорк), Арт Базел Мајами и биеналето во Венеција.

За иновативната техника Конопка користи шпатула и виљушка со масло на платно, лен и картон. Освен изложбите, неговата уметност била инспирација за модни колекции во Венеција, се појавила во телевизиски продукции и корици на книги, а била вклучена и во меѓународни добротворни и уметнички аукции.

Неговите достигнувања се признаени со награди како што се наградата за уметност „Тамара“ (Рим, 2023), наградата „Премио ди Мерито“ (Венеција, 2022) и наградата од публиката за уметник на годината (2020).

Денес, Кжиштоф Конопка - „Ораписта“ - продолжува да го развива орапизмот како уникатен уметнички и филозофски пат. Неговите дела ги водат гледачите во директно, непосредувано искуство, отелотворувајќи го неговиот водечки принцип:
Орапизам - СЛЕДЕТЕ СЕГА - уметноста на инацијата.

Галерија