Роден е 1942 во Скопје.
По завршувањето на средното уметничко училиште се запишува на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1958. Работел и како професор на Архитектонскиот факултет и Факултетот за драмски уметности во Скопје од раните осумдесетти години до почетокот на новиот милениум. Живее и твори во Скопје.
Георгиевски има поминато низ неклку фази на уметничко изразување, но секогаш успешно сочувувајќи ја нагласената оригиналност. Во неговите слики, цртежи, рељефи, скулптури, театарски костимографии и сценографии се редат актери од сите слоеви на цивилизацијата: шпанскиот благородник Дон Кихот, Достоевски, Бах, Бетовен, Адам и Ева и др. Самостојни излагања имал во Скопје, Белград, Истанбул, Виена, Рим, Киев, Софија и Санкт Петерсбург.
Добитник е на НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ОСТВАРУВАЊЕ 2014 на манифестацијата ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ НА ГОДИНАТА.