Венцеслав АНТОНОВ - Посебно ГРАН ПРИ (за легат)

Антонов е роден во 1942 година во Бела Слатина, Бугарија. Завршил Национална уметничка академија во Софија, со специјалност во графика. Учествувал во создавањето на групата на графичари, кои беа иницијатори за основањето на Меѓународното биенале на графика во Варна. Антонов учествувал на многу меѓународни манифестации на графика во Европа, во Норвешка, Австрија, Германија, Словенија, како и низ светот, во Сан Паоло, Порторико, итн.
Од 1997 до денес е директор на Галеријата за графичка уметност во Варна, која е организатор на Меѓународното биенале на графика во Варна.
Добитник е на Наградата ОСТЕН на ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ Скопје 2014.

Поврзани блог статии