Марина АБРАМОВИЌ - GRAND PRIX за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ Скопје 2014
Од почетокот на нејзината кариера во Белград за време на раните ‘70-ти, Марина Абрамовиќ беше пионер во уметноста на перформансот, создавајќи некои од формите на нејзините најважни рани дела. Телото секогаш беше истовремено нејзина тема и медиум. Истражувајќи ги своите физички и ментални граници, таа, во потрага по емоционална и спиритуална трансформација, издржуваше болка, се исцрпуваше и се доведуваше во опасност.