Osten4art – континуирана изложба

ОСТЕН Скопје започнува со нова активност Osten4art – континуирана изложба на која ќе се изложуваат пристигнатите дела на ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ Скопје 2016. 
Делата од вашите колеги веќе пристигнуваат, бидете дел од оваа престижна манифестација и континуираните активности. ОТВОРЕНИОТ ПОВИК е во тек! ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ Скопје 2016 (краен рок 30 април 2016) http://bit.ly/1Mqjnr6

Ќе бидат изложени сите дела кои што ќе пристигнат на адресата на ОСТЕН од уметниците ширум светот. Постваката ќе се менува континуирано, како што ќе пристигнуваат делата од авторите кои се пријавиле на отворениот повик. Така, континуирано ќе можат да се следат уметничките достигнувања на сите уметници кои се пријавиле на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на ЦРТЕЖ Скопје 2016, со кое ОСТЕН гордо се впишува во мапата на европските и светски културни случувања.

Галерија

Поврзани блог статии