Тик-так мотивација, покана за учество на Остен биенале на цртеж Скопје 2016

Почитувани уметници, пријатели и колеги

Која е замислата што дава преглед на цртежот и нејзината улога како средини и начини на документација во современата уметничка пракса?

Процесот на донесување одлука, што за Вас е цртеж, не мора задолжително да е здодевен и да се спроведува преку употреба на  молив, јаглен или пастел, на дводимензионална површина.  Експериментирајте! Интердисциплинарно комбинирање на повеќе уметнички специјалности, како музика, визуелна уметност или танц, социјални, културни и  интелектуални движења се опционални  со отфрлање на поимите на линеарна прогресија, големи тоталитарни приказни и критички консензуси. Карактеризирајќи се со интердисциплинарен пристап, повеќе приказни, фрагментации, субреалности, непредвидености на некои заборавени животни или надворешни идентитети,  со признавање на отелотворени слабости кон општоприфатеното мнение за цртеж  и социјално наметната конструкција  на неговата нееластичност открива дека, далеку од тоа да се биде самостојна и независна суштествена замисла во либералната теорија, луѓето неизбежно се вградени во општеството - во зависност од неговите институции, конвенции и култури.
Може и треба да процесираме и подобруваме. Ако сакаме да менуваме дискурси во позитива, ние уметниците, да почнеме со менување на дискурзивниот контекст за цртеж. Во оваа смисла, човечката  имагинација нека расне и ајде да откриваме кои се позитивните манифестации на отелотворување на цртањето и несебично да споделуваме од она кое го креираме со срце и душа.

"Можеби силата на излекување и човековата  издржливост е моментот
на затворање, кој веројатно, никогаш нема да дојде. "  Б.Ф.
 
Остен тим,
Дороти Пачкова