ИЗЛОЖБА НА МИЦЕ ЈАНКУЛОВСКИ - сатирични слики на стакло

Изложба на Мице ЈАНКУЛОВСКИ - сатирични слики на стакло. Авторот ќе се претстави со циклусот на слики со сатирична содржина, создадени во '80-тите години на минатиот век, во интересна и ретка техника - масло на стакло.

За уметникот:
Јанкуловски е роден 1954 г. во Сливово, Македонија. Се занимава со сликарство, карикатура и анимиран филм. Ја негува специфичната техника сликање на стакло. Има остварено 40 самостојни изложби во земјата и низ светот, меѓу кои во Скопје, Рим, Париз, Софија, Анкара, Загреб и др. Добитник е на 12 домашни и меѓународни награди и признанија. Живее и работи во Скопје, како директор на ОСТЕН и претседател на ЗКМ (Здружение на карикатуристи на Македонија).

Галерија