МИЦКО Мице Јанкуловски - самостојна изложба на слики „Круговите на Леонардо I-II-III-IV“

Во изложбениот простор на ОСТЕН Музејот на цртеж од 15 април до 30 мај 2020 ќе се одржи самостојната изложба на слики на МИЦКО Мице Јанкуловски „Круговите на Леонардо II-III-IV“.

Циклусот серии на слики (акрил на платно) започна со серијата „Круговите на Леонардо I“ која е носител на највисоката награда за животно остварување Лоренцо ил Мањифико на  меѓународната манифестација за современа уметност Биенале Фиренца 2019 на тема: „Кон наследството на едноставност и инвентивност на Леонардо да Винчи“ по повод 500-години од неговата смрт. Уметникот при творештвото на овие дела е инспириран од студијата на водата на Леонардо да Винчи, во која го опишува движењето на концентричните кругови при паѓањето на водата од одредена висина - при што тие никогаш меѓусебно не се мешаат.
Делата се од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж. Куратор: Корнелија Конеска