МИЦКО Мице Јанкуловски | Форма III – ПРОДУКЦИЈА 2020 |самостојна изложба на слики | 8-22 декември 2020 - Галерија ОСТЕН Скопје

За изложбата
Главните карактеристики на делата од Форма III на Јанкуловски се:
Монохромност – зашто се насликани само со една боја – црната
Модуларност – затоа што димензиите се обмислени и секогаш во одреден сооднос една со друга
Мултипликација – затоа што сликите се мултиплицираат и така се создаваат нови дела
Минимализам – зашто делата, концептот и смисолот се постигнати со минимум елементи – што е најтешко ... зашто, сликите кои ги гледаме изложени во оваа изложба се резултат на 50 годишно уметничко творештво!
Клучниот збор за најновите дела на МИЦКО е фокусирање! Кога ќе се фокусираш на нешто со љубов и страст – цел нов свет се отвора пред тебе. Најновата продукција во сликарството на МИЦКО говори токму за тоа...
Корнелија Конеска, куратор


За уметникот
1954 Роден во Сливово, Охрид, Македонија
Дипломирал на Архитектонски факултет
Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје
Живее и работи во Скопје, Северна Македонија
Јанкуловски е мултимедијален уметник кој се претставувал во јавнста преку различни уметнички дисциплини (карикатури, сликарство на стакло, анимиран филм, палиндроми...), додека константно бил посветен на истражување и креирање во сликарството и цртежот.
Неговата биографија содржи повеќе од 50 самостојни изложби во С. Македонија и надвор и забележителни претставувања на значајни интернационални изложби и Биеналиња.
Добитник е на многоу награди вклучително: Наградата „Ел Греко“ за најдобар уметник (Арт Тесалоники 2019, Солун, Грција); Наградата Лоренцо ил Мањифико за животно остварување (XII Фиренца биенале 2019, Италија); Награда „Уметник на светот (Ларнака биенале 2018, Кипар); ГРАНД ПРИ (19 Меѓународно биенале за графика Варна, Бугарија); ГРАН ПРИ (1997) и две Посебни награди (1985 и 1971) на Светската галерија на карикатури, Скопје, Македонија; 13 Ноемвриска награда на Град Скопје (1985) ... и многу други.
Многу автори имаат пишувано осврти и критички текстови за делата на Јанкуловски, меѓу кои Науме Радически, Владимир Георгиевски, Паскал Гилевски, Љубен Пауновски, Владимир Величковски, Сафет Ахмети, Маја Чанкуловска-Михајловска, Владимир Јанчевски, Соња Абаџиева и други домашни критичари.
Покрај бројните текстови, книги и каталози во текот на неговата работа се издадени неколку монографски публикации со осврти од странски критичари и меѓународно реномирани историчари на уметност како Александр Боровски, Русија; Енцо ди Мартино, Италија; проф. Манос Стефанидис, Грција; д-р. Мелани Зеферино, Италија; д-р Жолт Петрани, Унгарија; Д-р Деница Јанева, Бугарија, како и колегите уметници Мати Грунберг, Израел; Олга Тобрелуц, Русија и дипломатот и писател Милан Јазбец, Словенија.
Јанкуловски е вклучен во антологијата „Македонска карикатура“ од Владимир Величковски (1994) и во антологијата „Визуелните уметности во Македонија – ХХ век“, книга 2 – Мултимедијална уметност од Соња Абаџиева (2017).
 

Галерија

Коментари

comments powered by Disqus