НЕОЧЕКУВАН ДИЈАЛОГ | РЕМБРАНТ и ЈАНКУЛОВСКИ
Од 24 февруари 2022 до 24 февруари 2023 година во Галерија ОСТЕН ќе биде поставен проектот „Неочекуван дијалог – Рембрант и Јанкуловски“.
Проектот „Неочекуван дијалог“ претставува надградба на веќе воспоставената соработката меѓу ОСТЕН АРТ Скопје и САВУ (Светска асоцијација на визуелни уметности), и се состои од изложба на дела од награден уметник од страна на САВУ со 1 дело од уметник чие име таа награда го носи. Во рамките на ОСТЕН БИЕНАЛЕ на цртеж Скопје 2020, уметникот МИЦКО (Мице Јанкуловски) беше добитник на Наградата РЕМБРАНТ – за извонредност во уметноста од страна на САВУ за 2020 год., па оттаму и името на проектот “Неочекуван дијалог – Рембрант и Јанкуловски“.
Изложбата во рамките на проектот „Неочекуван дијалог – Рембрант и Јанкуловски“
Во рамките на проектот ќе биде поставена изложба од 1 дело од Рембрант, графиката „Портрет на Јан Аселин“, 1647 (графика 1/6, 18,7 х 17,4 см., - отпечатено во шест примероци во две варијанти, едната со штафелај, а другата со сета индикација на отстранетиот штафелај) и 2 дела од Јанкуловски од полиптихот „Форма А“ 2019 (16 слики акрил на платно, 195 х 195 см., 48,75 х 48,75 см / секоја).