1ви април е денот на шегата!
Ве покануваме во Галерија ОСТЕН во 12ч. преку шеговитите, но и сатиричните, саркастичните и ироничните дела на карикатуристите, учесници во "ЕУ - работа во тек..." - да направиме контратежа на негативните случувања во светот...
Промоција на проектот:
- Изложба на дигитални карикатури од карикатуристи од ЕУ и Западен Балкан
- Изложба на цртежи од млади карикатуристи изработени на 3-дневната креативна работилница (предавач: Лук ДЕШИМАКЕР)
- Проекција на видео "ЕУ-работа во тек..."
Ве очекуваме!