Средба со Амбасадорот на Јапонија во Р.С.Македонија и уметникот Лику М.Такахаши

Почесна посета за одлична пригода!
Донација на две дела од Лику М Такахаши на колекцијата ОСТЕН во присуство на Н.Е. Г-дин Савада Хиронори и сопругата и вториот секретар г-дин Масахиро Саига од Амбасадата на Јапонија во Северна Македонија. Уште еден доказ е дека уметноста создава мостови.
Ви благодариме!
Вкупно 10 уметници од Јапонија ќе учествуваат на ОСТЕН Биенале на Цртеж Скопје 2022 г., на г-а Лику Мариа Такахаши ќе и се придружат и Макико Аоки, Кенрјо Хара, Манами Кавасаки, Нобихиро Мидо, Тцуко Наито, Дан Обана, Мају Шиоми, Јошитака Тмекане и Јошико Јошида. Галеријата ОСТЕН е дом на 133 дела од 41 уметник од Јапонија

Галерија