Проекти

БРИТАНСКИ УМЕТНИЦИ од колекцијата на ОСТЕН

Традиционално, по повод 9 мај – денот на Европа, оваа година во соработка со Делегацијата на Европската Унија и Британскиот совет во Скопје – ОСТЕН организира ГОЛЕМ УМЕТНИЧКИ НАСТАН. Овој пат стнува збор за проектот: БРИТАНСКИ АВТОРИ од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж.

Проектот се состои од два програмски меѓусебно поврзани настани:

11 мај 2016 (среда), 12:00 часот во ЕУ инфо центар
Разговор со Гил Хедли (самостоен куратор и консултант за уметност од Лондон) на тема: Современата сцена на уметноста во Велика Британија / Британските уметници од колекцијата на ОСТЕН

12 мај 2016 (четврток), 20:20 часот во галерија ОСТЕН
Изложба: Британски уметници од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж

На изложбата ќе бидат претставени одбрани дела од британските автори: 
Френсис БЕКОН Питер БЛЕЈК Лин ЧАДВИК Кристофер КОР Тони КРЕГ Трејси ЕМИН Елизабет ФРИНК Ричард ХАМИЛТОН Дамиен ХРСТ Дејвид ХОКНИ Бен ЏОНСОН Ален ЏОНС Хенри МУР Бен НИКОЛСОН Данкан Морис ОПЕНХЕЈМ Крис ОР Едуардо ПАЛОЦИ Патрик ПРОКТОР Мик РУНИ Тревор САТОН Џо ТИЛСОН
Ричард ХАМИЛТОН Кент Стејтграфика, потпишана и нумерирана 4016/5000, 73x102см
Краток осврт на Џил Хедли на изложбата "Британски автори од колекцијата на ОСТЕН"