Традиционално, по повод ДЕНОТ НА ЕВРОПА, и оваа година во соработка со Делегацијата на Европската Унија и ГЕТЕ Институтот во Скопје - се организира ГОЛЕМ УМЕТНИЧКИ НАСТАН. Овој пат стана збор за избор на ГЕРМАНСКИ АВТОРИ од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж.
На изложбата беа претставени одбрани цртежи и графики од авторите: Јоаким АЛБРЕХТ, Хорст АНТЕС, Елвира БАХ, Ханс БЕЛМЕР, Јозеф БОЈС, Волф БАКХОЛЦ, Ловис КОРИНТ, Карл Фред ДАМЕН, Ото ДИЛ, Макс ЕРНСТ, Гинтер ФРУХТУНК, Винфред ГАЛ, Рупрехт ГАЈГЕР, Фридрих ГЕИЛЕР, Ханс ХАРТУНГ, Ерих ХЕКЕЛ, Петер КЛАСЕН, Рихард ЛИНДЕР, Маркус ЛУПЕРЦ, А.Р. ПЕНК, Волфганг ПЕТРИК, Ото ПЈЕН, Лотар КИНТЕ, Карин ШЕКЕЗИ, Розмари ТРОКЕЛ, Гинтер УЕКЕР, Томас ВИРНИХ и Пол ВУНДЕРЛИХ
Отоворањето на изложбата се одржа на 7. мај 2015, 20:20ч. во галерија ОСТЕН во Скопје, а дополнителна активност на настанот беше предавањето и дискусијата со кураторот Ансгар Лоренц од Дизелдорф, Германија, на 8. мај 2015 (петок) 12 ч. во ЕУ инфо центарот.