Хронологија

1945 – Почетоците... 

 На почетокот, „Остен“ беше прилог за сатира во билтенот на Првата македонска народна ослободителна  ударна бригада под името „Сред поле ѕунѕуле“. Пионерите на „Остен“ во овој период беа: Лазар Мојсов, Блаже Конески, Владо Малески, Киро Хаџивасилев и други. Првиот број излезе на 1.јануари 1945.

1951 – Оформувањето на „Остен“ 

Од 1951 до 1966 „Остен“ се развива како весник, се јавуваат рубруки за хумор, сатира и карикатура во дневните весници, но започнува да се појавува и на нов медиум – на Радио Скопје. Во тој период поддршка  на весникот дава Здружението на новинарите на Македонија, а главен уредник во тој период е Владо Малески, при што на оформување на весникот, волонтерски учествувале плејада на општествени и културни работници, меѓу кои: Славко Јаневски, Панде Јаревски, Василие Поповиќ–Цицо, Цветан Станоевски, Дарко Марковиќ, Миле Попоски, Ацо Шопов и други. 
Во својот развој до 1968 весникот оформува своја професионална редакција и нејзин прв главен уредник  е Дарко Марковиќ.

1969 – Светската галерија на карикатури 

Редакцијата на “Остен” ја основа и организира Светската галерија    на карикатури, манифестација која до денес се организира секоја година. Една година подоцна “Остен” и Светската галерија на карикатури влегуваат во состав на НИП “Нова Македонија“.

1991 – Трансформацијата на „Остен“

Формата, обемот, содржината и периодиката на излегувањето на “Остен” беше променлива. Тој излегуваше како месечник од 100 страници, но почесто излегуваше како двонеделник на 1. и 15. во месецот. На 1ви мај 1990 година “Остен”стана неделник, со динамика на појавување четири пати месечно. На страниците на “Остен” со свои дела се појавуваат скоро сите најзначајни имиња од областа на хуморот, сатирата и карикатурата во Македонија. Посебно за одбележување е тоа што како соработници се јавуваат голем број автори. Скоро во секој број на “Остен” бројот на надворешните соработници се движи околу бројката 40. До денес главни и одговорни уредници на “Остен” биле: Владо Малески, Славко Јаневски, Ацо Шопов, Дарко Марковиќ, Владислав Јоциќ, Душан Јеленковиќ, Љупчо Силјановски, Ефтим Проевски и Димитар Чудо.

2004 – „Остен“ како бренд 

Брендот „Остен“, Светската галерија на карикатури и Светската галерија на цртеж се уште успешно постојат после трансформирањето на брендот “Остен“ во приватна компанија, под раководство на Мице Јанкуловски.
Но, тоа не е се...
Повеќе за новите и развојните проекти во  рубриката Проекти