НОВА ИЗЛОЖБА ВО РАМКИТЕ НА ОФФ-ПРОГРАМАТА НА ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ!
Харис КОНДОСФИРИС и Кристина ЅАНИ, двајца исклучителни уметници од Грција ќе имаат изложба во рамките на Офф-програмата на ОСТЕН Биеналето на цртеж, чие отворање ќе биде на 20.4.2017 (четврток) со почеток во 20:20 часот во галерија ОСТЕН.
И двајцата, Кондосфирис и Ѕани, беа учесници на Биеналето и беа претставени во каталогот со свои репродукции.
Препознатливи по својот автентичен стил и интересна техника: Кондосфирис работи со цемент, објекти и цртежи (цемент на хартија) и Sани со исклучително впечатливо фигуративно сликарство (акварел на хартија) - тие се многу ценети
уметници-претставници на јужниот сосед.