Проекти

Самостојна изложба на Елпида ХАЏИ-ВАСИЛЕВА "Вродена убавина 3"

"Вродена убавина 3" - самостојна изложба на Елпида Хаџи-Василева од 1 - 20 септември 2016 во галерија ОСТЕН 

Изложбата на Елпида Хаџи-Василева во галерија ОСТЕН се состои од инсталација од пет нејзини дела - мембрани од свински желудници на црни основи 20 х 20 см на панели со различни димензии.

Во исто време ќе бидат промовирани двете графички мапи: "Вродена убавина 3" и "Просторни инсталации" на уметнициата, со кои таа се вклучува во проектот на ОСТЕН - 70 графички мапи за 70 години ОСТЕН.

Овој проект започна 2015 година, по повод 70-годишнината од основањето на ОСТЕН и има за цел формирање на библиотека на графички мапи "Светско културно наследство.

За уметницата
Елпида Хаџи-Василева е родена во Македонија во 1971 година. Таа дипломирала при Школата за уметност во Глазгов 1996 година и добила Мастер диплома на отсекот Скулпторство при Кралскиот Колеџ во Лондон 1998 година. По дипломирањето, Елпида учествувала во многу интернационални изложби, вклучително L’H du Siege во Франција, Kilmainham Gaol Музејот во Даблин и три пати била претставник на Венецијанското Биенале: 2005-тата во групна изложба, во 2013 била претставник на Македонија, а две години подоцна учествувала како претставник на Ватикан. Има учествувано и во многу Европски програми за уметнички престој, вклучувајќи го ArtSway, Ирскиот Музеј на Модерна Уметност и Berwick Gymnasium Fellowship. Хаџи-Василева исто така има работено на јавни проекти и скулптурни просторни инсталации вклучително: “Ние Сме Сенки”, Unit2, Лондон; “Животен Циклус”, Бристол; ‘Re|Sort’ Галерија Фабрика, Брајтон; Ambush’, The New Forest. Живее во Лондон.

За делото "Вродена убавина" од Ана Франговска
"Визуелната сензација на нејзиниот концепт (ципи од свински желудници фиксирани на црна основа во квадратна рамка, како минијатури, со димензии 20 х 20 см и како такви математички подредени во синхронен систем кој е постиран на галериски ѕид, на тој начин асоцирајќи на таписерија) лежи во мултипликативноста, монохроматската миметичност на претставата, која се менува од квадрат во квадрат, истакнувајќи ја текстурата како предоминантен елемент и истовремено креирајќи
ритмички привидна динамичност. Секоја единица/квадрат има различна, своја, поинаква поетичност, печат, егзистенција, пулсација"