Проекти

Изложба на Пикасо и Вазарели

ОСТЕН – уметност на хартија – Скопје во соработка со Фондацијата Аполонија – Гевгелија, организираат ИЗЛОЖБА НА ПИКАСО И ВАЗАРЕЛИ.

Изложбата ќе биде поставена во Хотел Аполонија, Гевгелија и претставува последен настан од ликовната дејност во рамките на Гевгелија, градна културата за 2011. 

Изложбата се состои од 17 дела од Пикасо и 17дела од Вазарели (цртежи и графики) Големите светски уметници Пабло Руиз Пикасо и Виктор Вазарели се добитници на Наградата Светско културно наследсво и тоа: ПИКАСО во рамките на 38.Светскаа галерија на цртеж – Скопје 2010, а ВАЗАРЕЛИ во рамките на 37.Светска галерија на цртеж – Скопје 2009. Нивните дела, се дел одколекцијата на Музејот на цртеж. Ова не е прва соработка на полето на ликовнатадејност помеѓу ОСТЕН – уметност на хартија и Фондацијата Аполонија. Манифестацијата ГЕВГЕЛИЈА – град на културата за 2011, беше одлична  основа за заеднички уметнички иницијативи,како што беше Програмата за престој на уметници ЗЛАТЕН ОСТЕН 2011, која се одржа во Хотел Аполонија во септември оваа година. Како завршен настан на 39.Светскагалерија на цртеж – Скопје 2011, Биенале на наградени автори, исто така во Хотел Аполонија, на 22. септември 2011 беа објавени наградените автори и сеодржа Изложбата на ОСТЕНОВИТЕ УМЕТНИЦИ за 2011 година. Со оваа ИЗЛОЖБАНА ПИКАСО И ВАЗАРЕЛИ практично се заокружува успешната соработка помеѓу ОСТЕН – уметност на хартија и Фондацијата Аполонија, со што се потврдува дека моделот на концентрирање на заедничките напори за организирање на квалитетни настани од областа на ликовната уметност е секогаш успешна приказна.