Карикатура

48. Светска галерија на карикатури - Скопје 2016

2015 година беше многу важна година за ОСТЕН - 70 години од неговото постоење (формиран 1 јануари 1945). Тоа е јубилеи за почит, но со тоа, одговорноста за водењето на ОСТЕН и Светската галерија на карикатури е уште поголема...

Со текот на времето, ОСТЕН има искусено различна судбина – од потполна поддршка на заедницата и институциите, до транзиционална неможност за обавување на основните активности. Во транзициониот период од 2005 до 2008 – четири изданија на Светската галерија на карикатури не се одржаа, заради што настана пореметување во редоследот на годините на нејзиното одржување. 
Во текот на 2014-2015 година, покрај редовните, организиравме три конкурси за дигитална карикатура, кои надополнија дел од неодржаните изданија, додека веќе одржаниот Конкурс за дигитална карикатура на тема „Пиво“ го прогласуваме за 48-ма СВЕТСКА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ Скопје 2016 – со што се пополнува последната празнина во редоследот на одржување на манифестацијата и се осигурува нејзин целосен понатамошен континуитет. 

48-та Светска галерија на карикатури – Скопје 2016
конкурс за дигитална карикатура на тема “Пиво”


На конкурсот пристигнаа 341 дигитална карикатура од 141 карикатурист од 56 земји во светот. Имавме исклучително компетентен селектор, познатиот карикатурист Александар Блатник, Србија. Според негова одлука, следните тројца карикатуристи добија рамноправна ПРВА НАГРАДА:

Ангел БОЛИГАН, Мексико (Angel BOLIGAN, Mexico)

Олексеј КУСТОВСКИ – КУСТО, Украина (Oleksiy KUSTOVSKY – KUSTO, Ukraine)

Јордан ПОП-ИЛИЕВ, Македонија (Jordan POP-ILIEV, Macedonia)


Наградените карикатуристи ќе добијат ПЛАКЕТИ и организирање на самостојна изложба во галерија ОСТЕН Скопје.

За 48-та Светска галерија на карикатури – Скопје 2016 (конкурс за дигитална карикатура на тема „Пиво“), ќе биде изготвен дигитален каталог, во кој ќе бидат претставени сите учесници на конкурсот. Каталогот ќе може да се симне од веб страната osten.mk.