Мице ЈАНКУЛОВСКИПРЕТСЕДАТЕЛ

Јанкуловски го зачувува и надградува брендот ОСТЕН (основан 1945 од најзначајни македонски писатели, уметници и интелектуалци како: Блаже Конески, Славко Јаневски, Владо Малески, Ацо Шопов, Василије Поповиќ – Цицо и многу други...)
Успешно ја продолжува Светската галерија на карикатури (основана 1969), основач е на реномираните меѓународни манифестации ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на цртеж, ОСТЕН БИЕНАЛЕТО на наградени автори и ОСТЕН АРТ Фестивалот. Во ОСТЕН МУЗЕЈОТ на цртеж ја вградува својата извонредна способност како колекционер, такашто денес колекцијата брои повеќе од 15000 дела, вклучително дела на најголемите уметници во светската историја на уметност како: Пикасо, Вазарели, Миро, Дали, Рембрант, Абрамовиќ, Кристо, Сулаж, Кабакови,...

Други професионални и општествени функции
- Основаш и прв претседател на филмска младина на РМ
- Претседател на Амадемски кино клуб Скопје
- Еден од основачите и актуелен претседател на ЗКМ (Здружение на карикатуристи)
- Еден од основачите на ФЕКО (Федерација на организации на карикатуристи)
- Уредник и заменик главен и одговорен уредник на „Студентски збор“ (1975 - 1989)
- Организатор на југословенски конкурс за сатиричен цртеж (1980 - 1990)
- Еден од основачите и прв директор на Младински филмски форум (1985 - 1986)
- Уредник и одговорен уредник во МРТВ (1990 - 2009)