ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2024

   ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ   
ОСТЕН БИЕНАЛЕ (во организација на ОСТЕН Скопје, С. Македонија) е манифестација отворена за сè што е ново и е многу посеопфатно од традиционалното, давајќи предност на дела кои ги разбиваат старите и излитени ликовни матрици, дела кои имаат специфичен авторски белег или навестуваат обид за исчекор надвор од востановените академски правила, во слободниот простор на создавањето. Биеналето ги предизвиува уметниците да ги поместат конвенционалните граници, како од аспект на користењето на техниките, алатките и медиумите, така и од аспект на творечката слобода на изразувањето. Затоа - слободно пријавете ги вашите најиновативни и најкреативни дела, без оглед на формата, техниката или медиумот. Добредојдени се сите: слики, цртежи, графики, објекти, инсталации, арт-видеа, мултимедиајална уметност... зашто сметаме дека ИДЕЈАТА е примарна, а изведбата изразно средство.
Цртежот останува да биде искреноста во уметноста (Салвадор Дали)
ОСТЕН БИЕНАЛЕто дава можност за учество за уметници од 18+ во две категории:
ИНДИВИДУАЛНО УЧЕСТВО, и
ГРУПНО УЧЕСТВО (до 7 уметници), при што групата може да се пријави со:
 ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕПТ (со посебни дела од членовите на групата обединети околу концептот)
 ЗАЕДНИЧКО ДЕЛО (едно дело создадено од сите членови на групата со авторство од групата)
* За групи над 7 уметници – во засебна комуникација со Организаторот.
Можноста за групно учество е наш придонес за поттикнување на соработката меѓу уметниците.

   УСЛОВИ за УЧЕСТВО   
За РЕГУЛАРНО ПРИЈАВУВАЊЕ уметникот треба:
  • да се пријави преку ОНЛАЈН ПРИЈАВАТА заедно со кратка биографија и портретна фотографија (за промотивни цели на Биеналето)
  • ДА ПРИЈАВИ (до пет 5) ДЕЛА создадени меѓу 2020-2024 година (делата кои се состојат од повеќе делови - диптих, триптих, полиптих - ќе се сметаат како едно дело)
  • ДА ПРИКАЧИ ДИГИТАЛНИ ФОТОГРАФИИ на делото/ата, како составен дел од онлајн пријавата (задолжително целосна фотографија од делото/ата + детали по избор) во .jpg .png или .tiff формат (300dpi), максимум 2MB/фотографија.
* Запазете го ФОРМАТОТ НА ФОТОГРАФИИТЕ, бидејќи истите ќе се користат за каталогот на Биеналето, доколку се селектирани.
* Со испраќање на ОНЛАЈН ПРИЈАВАТА, уметникот се согласува организаторот да ги користи, изложува, проучува и објавува неговите дела за потребите на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО и ОСТЕН Музејот.
* СИТЕ ПРИЈАВЕНИ ДЕЛА од уметниците од Северна Македонија остануваат во колекцијата на ОСТЕН Музејот (за што ќе бидат доделени сертификати).

Краен рок за ОНЛАЈН ПРИЈАВУВАЊЕ - 31 мај 2024 15 јуни 2024 година

   СЕЛЕКЦИЈА и ЖИРИРАЊЕ   
Селекторка и кураторка на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2024 е Корнелија КОНЕСКА која:
  • Прави список на СЕЛЕКТИРАНИ УМЕТНИЦИ кои ќе бидат претставени во каталогот на Биеналето
  • Изработува список на ФИНАЛИСТИ кои ќе бидат известени да ги испратат по пошта пријавените дела за претставување пред ТРОЧЛЕНОТО МЕЃУНАРОДНО ЖИРИ, кое
  • Одлучува кое од испратените дела од ФИНАЛИСТИТЕ ќе биде изложено на официјалната изложба на Биеналето и репродуцирано во каталогот на Биеналето и
  • Одлучува за НАГРАДИТЕ од ЖИРИ предвидени од Организаторот

Рокови:
СЕЛЕКЦИЈА – јуни 2024
ОБЈАВУВАЊЕ на СЕЛЕКТИРАНИТЕ УМЕТНИЦИ и ФИНАЛИСТИТЕ – 30 јуни 2024 година
ЖИРИРАЊЕ – септември 2024
ОБЈАВУВАЊЕ на НАГРАДИТЕ - октомври 2024 година

 
   ИСПРАЌАЊЕ на ОРИГИНАЛНИ ДЕЛАТА (само за ФИНАЛИСТИ)   
ФИНАЛИСТИТЕ треба да ги испратат сите свои ОНЛАЈН ПРИЈАВЕНИ ДЕЛА преку пошта.  
ВАЖНО!!! Делата кои не соодветствуваат со онлајн пријавените дела – нема да се разгледуваат.

АДРЕСА за испраќање:
ОСТЕН БИЕНАЛЕ
8. Ударна бригада 2, 1000 Скопје, Северна Македонија

УПАТСТВО за испраќање на дела:
  • Транспортот на делата е целосно во организација на уметниците (вклучително трошоците)
  • Организаторот не презема никаква одговорност во случај на оштетување или губење на делата
  • На задната страна на секое дело треба да стои: Име и презиме на уметникот, наслов на делото, година на создавање, техника / медиум и големина на делото (В х Ш х Д) - според пријавата
  • Делата треба да бидат испратени без рамки и соодветно спакувани според нивните димензии: во картонска амбалажа со засилена заштита за аглите (кај помали димензии), во туба (кај поголеми димензии) или во дрвени кутии (за објектите и инсталациите).
 
Краен рок за ПРИСТИГНУВАЊЕ на делата - 20 август 2024 година

   НАГРАДИ   
НАГРАДИ од СОВЕТОТ на амбасадори на ОСТЕН
ГРАН ПРИ ЗА ЖИВОТНО ОСТВАРУВАРУВАЊЕ
НАГРАДА СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
ПОСЕБНО ГРАН ПРИ

НАГРАДИ од ИНТЕРНАЦИОНАЛНОТО ЖИРИ
3 ПРВИ НАГРАДИ (1000$ / секоја)
3 ПОСЕБНИ НАГРАДИ
2 ПОСЕБНИ ПРИЗНАНИЈА

НАГРАДИ од СОВЕТОТ на ОСТЕН
5 НАГРАДИ ЗЛАТЕН ОСТЕН
5 НАГРАДИ ОСТЕН
ПОСЕБНИ НАГРАДИ и ПРИЗНАНИЈА од ОСТЕН

НАГРАДИ во соработка со САВУ (Светска асоцијација на визуелните уметности)
 
   ПРЕТСТАВУВАЊЕ на ОСТЕН БИЕНАЛЕто Скопје 2024   
НАЈАВНА ПРОГРАМА               мај 2023 – септември 2024
                                                         (самостојни и групни претставувања во Галерија ОСТЕН Скопје)
ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА     октомври 2024 – февруари 2025 (во Галерија ОСТЕН Скопје)
ОФИЦИЈАЛНА ИЗЛОЖБА       февруари – март 2025 (во Национална галерија на Р. С. М.)
                                                         + континуирана локална и интернационала промоција...
 
КАТАЛОГ на ОСТЕН БИЕНАЛЕто Скопје 2022
НАГРАДЕНИТЕ УМЕТНИЦИ, ФИНАЛИСТИТЕ и СЕЛЕКТИРАНИТЕ УМЕТНИЦИ ќе бидат претставени со еднa репродукција во КАТАЛОГОТ на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2024
НАГРАДЕНИТЕ УМЕТНИЦИ добиваат бесплатна копија од каталогот по пошта
ДРУГИТЕ УЧЕСНИЦИ ќе можат да го нарачаат каталогот, по пријателска цена од 2.400 мкд
(со вкулучени поштенски трошоци) правејќи ПРЕД-НАРАЧКА - ТУКА >>>
РЕГУЛАРНАТА ЦЕНА на каталогот (откако каталогот ќе биде публикуван) ќе биде 2.900 мкд
(со вкулучени поштенски трошоци).
 
   ВАЖНИ КРАЈНИ РОКОВИ – НЕ ГИ ИСПУШТАЈТЕ!!!   
ОНЛАЈН АПЛИЦИРАЊЕ | 31 март 2023 – 31 мај 2024 15 јуни 2024
НАЈАВНА ПРОГРАМА (во ГАЛЕРИЈА ОСТЕН Скопје) | мај 2023 – септември 2024
СЕЛЕКЦИЈА | јуни 2024
ОБЈАВУВАЊЕ НА СЕЛЕКТИРАНИТЕ УМЕТНИЦИ и ФИНАЛИСТИ | најдоцна до 30 јуни 2024
ИСПРАЌАЊЕ на ОРИГИНАЛНИ ДЕЛА по пошта (само за ФИНАЛИСТИТЕ) | 31 август 2024
ЖИРИРАЊЕ | септември 2024
ОБЈАВУВАЊЕ на НАГРАДЕНИ УМЕТНИЦИ | најдоцна до октомври 2024
ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА (во ГАЛЕРИЈА ОСТЕН Скопје) | октомври 2024 – февруари 2025
ОФИЦИЈАЛНА ИЗЛОЖБА и ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ | февруари - март 2025

ПОДНЕСУВАЊЕ на ОНЛАЈН ПРИЈАВА за ИНДИВИДУАЛНО УЧЕСТВО - ТУКА >>> 
ПОДНЕСУВАЊЕ на ОНЛАЈН ПРИЈАВА за ГРУПНО УЧЕСТВО - ТУКА >>>