ОСТЕН БИЕНАЛЕ на СОВРЕМЕНИ ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ Скопје 2026

     ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ     
ОСТЕН БИЕНАЛЕ (во организација на ОСТЕН Скопје, С. Македонија) е манифестација отворена за сè што е ново и е многу посеопфатно од традиционалното, давајќи предност на дела кои ги разбиваат старите и излитени ликовни матрици, дела кои имаат специфичен авторски белег или навестуваат обид за исчекор надвор од востановените академски правила, во слободниот простор на создавањето. Биеналето ги предизвикува уметниците да ги поместат конвенционалните граници, како од аспект на користењето на техниките, алатките и медиумите, така и од аспект на творечката слобода на изразувањето. Затоа - слободно пријавете ги вашите најиновативни и најкреативни дела, без оглед на формата, техниката или медиумот. Добредојдени се сите оригинални дела:
  1. Уметност на хартија (цртеж, графика и комбинирана техника)
  2. 2D и 3D (сликарство, објекти, инсталации, текстилна уметност)
  3. Фотографија, видео арт, мултимедијална уметност
 
ОСТЕН БИЕНАЛЕТО дава можност за учество за уметници од 18+ во две категории:
ИНДИВИДУАЛНО УЧЕСТВО, и
ГРУПНО УЧЕСТВО (до 7 уметници), при што групата може да се пријави со:
 ЗАЕДНИЧКИ КОНЦЕПТ (со посебни дела од членовите на групата обединети околу концептот)
 ЗАЕДНИЧКО ДЕЛО (едно дело создадено од сите членови на групата со авторство од групата)
* За групи над 7 уметници – во засебна комуникација со Организаторот.
Можноста за групно учество е наш придонес за поттикнување на соработката меѓу уметниците.


     УСЛОВИ за УЧЕСТВО     
За РЕГУЛАРНО ПРИЈАВУВАЊЕ уметникот треба:
  • да се пријави преку ОНЛАЈН ПРИЈАВАТА заедно со кратка биографија и портретна фотографија (за промотивни цели на Биеналето)
  • ДА ПРИЈАВИ (до пет 5) ДЕЛА создадени меѓу 2024-2026 година (делата кои се состојат од повеќе делови - диптих, триптих, полиптих - ќе се сметаат како едно дело)
  • ДА ПРИКАЧИ ДИГИТАЛНИ ФОТОГРАФИИ од делото/ата, како составен дел од онлајн пријавата (задолжително целосна фотографија од делото/ата + детали по избор) во .jpg .png или .tiff формат (300dpi), 2MB/фотографија.
* Запазете го ФОРМАТОТ НА ФОТОГРАФИИТЕ, бидејќи истите ќе се користат за каталогот на Биеналето доколку се селектирани.
* Со испраќање на ОНЛАЈН ПРИЈАВАТА, уметникот се согласува организаторот да ги користи, изложува, проучува и објавува неговите дела за потребите на ОСТЕН БИЕНАЛЕТО и ОСТЕН Музејот.
* СИТЕ ПРИЈАВЕНИ ДЕЛА од уметниците од Северна Македонија остануваат во колекцијата на ОСТЕН Музејот (за што ќе бидат доделени сертификати).

Краен рок за ОНЛАЈН ПРИЈАВУВАЊЕ - 31 мај 2026 година

ВАЖНО!!! Во оваа фаза уметниците не треба да ги испраќаат оригиналните дела. Само ФИНАЛИСТИТЕ ќе бидат информирани да ги испратат своите оригинални дела по процесот на селекција.


     СЕЛЕКЦИЈА и ЖИРИРАЊЕ     
Селекторка и кураторка на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2026 е Корнелија КОНЕСКА која:
- Прави список на СЕЛЕКТИРАНИ УМЕТНИЦИ со дело кое ќе биде претставено во каталогот на Биеналето
- Изработува список на ФИНАЛИСТИ кои ќе бидат известени да ги испратат по пошта сите свои пријавени дела за претставување пред ТРОЧЛЕНОТО МЕЃУНАРОДНО ЖИРИ, кое
- Одлучува кое од испратените дела од ФИНАЛИСТИТЕ ќе биде изложено на официјалната изложба на Биеналето и репродуцирано во каталогот на Биеналето и
- Одлучува за НАГРАДИТЕ од ЖИРИ предвидени од Организаторот

Рокови:
СЕЛЕКЦИЈА – јуни 2026
ОБЈАВУВАЊЕ на СЕЛЕКТИРАНИТЕ УМЕТНИЦИ и ФИНАЛИСТИТЕ – 30 јуни 2026
ИСПРАЌАЊЕ НА ДЕЛАТА ОД ФИНАЛИСТИТЕ ПО ПОШТА - 1 – 20 јули 2026
ЖИРИРАЊЕ – август/септември 2026
ОБЈАВУВАЊЕ на НАГРАДИТЕ - 30 септември 2026
 

     ИСПРАЌАЊЕ на ОРИГИНАЛНИ ДЕЛАТА (само за ФИНАЛИСТИ)     
ФИНАЛИСТИТЕ треба да ги испратат сите свои ОНЛАЈН ПРИЈАВЕНИ ДЕЛА преку пошта.  
ВАЖНО!!! Делата кои не соодветствуваат со онлајн пријавените дела – нема да се разгледуваат. Делата кои нема да стигнат вo зададениот рок нема да се разгледуваат.

АДРЕСА за испраќање:
ОСТЕН БИЕНАЛЕ
8. Ударна бригада 2, 1000 Скопје, Северна Македонија

УПАТСТВО за испраќање на дела:
  • Транспортот на делата е целосно во организација на уметниците (вклучително и трошоците)
  • Организаторот не презема никаква одговорност во случај на оштетување или губење на делата
  • На задната страна на секое дело треба да стои: Име и презиме на уметникот, наслов на делото, година на создавање, техника / медиум и големина на делото (В х Ш х Д) - според онлајн пријавата
  • Делата треба да бидат испратени без рамки и соодветно спакувани според нивните димензии: во картонска амбалажа со засилена заштита за аглите (кај помали димензии), во туба (кај поголеми димензии) или во дрвени кутии (за објектите и инсталациите).
  • Уметниците кои учествуваат во официјалната изложба на Биеналето со инсталации, треба лично да ги постават и демонтираат своите дела.
 
Краен рок за ПРИСТИГНУВАЊЕ на делата – 20 јули 2026


     НАГРАДИ     
НАГРАДИ од СОВЕТОТ на амбасадори на ОСТЕН
ГРАН ПРИ ЗА ЖИВОТНО ОСТВАРУВАРУВАЊЕ
НАГРАДА СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
ПОСЕБНО ГРАН ПРИ

НАГРАДИ од ИНТЕРНАЦИОНАЛНОТО ЖИРИ
3 ПРВИ НАГРАДИ (1000$ / секоја)
3 ПОСЕБНИ НАГРАДИ
2 ПОСЕБНИ ПРИЗНАНИЈА

НАГРАДИ од СОВЕТОТ на ОСТЕН
5 НАГРАДИ ЗЛАТЕН ОСТЕН
5 НАГРАДИ ОСТЕН
ПОСЕБНИ НАГРАДИ и ПРИЗНАНИЈА од ОСТЕН

НАГРАДИ во соработка со САВУ (Светска асоцијација на визуелни уметности)
НАГРАДА за објект со ЦСЛУ Прилеп


     ПРЕТСТАВУВАЊЕ на ОСТЕН БИЕНАЛЕто Скопје 2026     
НАЈАВНА ПРОГРАМА               мај 2026 – август 2027
(самостојни и групни претставувања во Галерија ОСТЕН Скопје)
ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА     септември 2026 – декември 2027 (во Галерија ОСТЕН Скопје)
ОФИЦИЈАЛНА ИЗЛОЖБА       дополнително објавена (во Национална галерија на Р. С. М.)
           + континуирана локална и интернационала промоција...
 

     КАТАЛОГ на ОСТЕН БИЕНАЛЕто Скопје 2026     
НАГРАДЕНИТЕ УМЕТНИЦИ, ФИНАЛИСТИТЕ и СЕЛЕКТИРАНИТЕ УМЕТНИЦИ ќе бидат претставени со еднa репродукција во КАТАЛОГОТ на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2026
НАГРАДЕНИТЕ УМЕТНИЦИ добиваат бесплатна копија од каталогот по пошта
ДРУГИТЕ УЧЕСНИЦИ ќе бидат дополнително информирани за нарачка на каталогот.
 

     ВАЖНИ КРАЈНИ РОКОВИ – НЕ ГИ ИСПУШТАЈТЕ!!!     
ОНЛАЈН АПЛИЦИРАЊЕ | 1 ноември 2025 – 31 маj 2026
НАЈАВНА ПРОГРАМА (во ГАЛЕРИЈА ОСТЕН Скопје) | мај 2026 – август 2026
СЕЛЕКЦИЈА | јуни 2026
ОБЈАВУВАЊЕ НА СЕЛЕКТИРАНИТЕ УМЕТНИЦИ и ФИНАЛИСТИ | најдоцна до 30 јуни 2026
ИСПРАЌАЊЕ на ОРИГИНАЛНИ ДЕЛА по пошта (само за ФИНАЛИСТИТЕ) |1-20 јули 2026
ЖИРИРАЊЕ | август/ септември 2026
ОБЈАВУВАЊЕ на НАГРАДЕНИ УМЕТНИЦИ | најдоцна до 30 септември 2026
ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА (во ГАЛЕРИЈА ОСТЕН Скопје) | септември 2026 – декември 2026
ОФИЦИЈАЛНА ИЗЛОЖБА и ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ | дополнително објавена