Селектор

Лука Курчи (Бари – 1975 г.) е италијански уметник, архитект и дизајнер, кој дипломирал архитектура на Универзитетот Камерино (Camerino), Италија.
Во 2006 г., тој го основал архитектонското биро ЛУКА КУРЧИ АРХИТЕКТС кое има реализирано неколку проекти на згради за становање, приватни куќи, вили, ресторани и продавници.
Во 2007 г., тој го осмислил комплетниот дизајн на пешачки мост на реката Сена во Париз, а во 2011 г. дизајнирал и извел продавници на Епл (Apple) во различни градови на Италија.
Во 2012 г., го проектирал ресторанот за брза храна според европска франшиза “Tipico Italiano Fast Food Restaurant” и ексклузивниот хотел од 5 соби “Пет сетила” (“Five Senses design hotel”) базиран на тема 5-те сетила.
Со проектот “Органски градови” во 2013 г., “Пустински градови” во 2014 г. и “Вертикални грдови” во 2015 г. проектирани за средниот исток, тој се занимава со темата на просторно планирање и архитектонска одржливост.
 

Интернационално жири

Манос Стефанидис е роден во Пиреја, Грција во јули 1954 година.
Тој дипломира во 1978 година на Филозовскиот универзитет во Атина, на одделот Историја и археологија.Покрај мајчиниот јазик, зборува и француски, англиски и германски јазик.
Во 1987 година Манос завршува и со постдипломските студии во Кунстмусеј Дизелдорф, добивајќи стипендија со лиценца од Министерството за култура.
 Тој воедно е и соработник на програмата USIA "Музејски менаџмент" - курсеви за музеологија одржана во пет главни градови во САД организирани од Смитсонијан институтот во Њујорк.
Во текот на 2003 гоина тој јзавршува и со докторската теза на Универзитетот "Аристотел" во Солун.
На 3 јули 2003 година се здоби со статусот д-р. во одделот за историја на уметност за ликовни и применети уметности на Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот Аристотел.
Соња Абаџиева Димитрова е родена во Софија во 1941 година. Во текот на нејзиното образование се стекнува со диплома од Филозовскиот факултет во Скопје на кои ги завршува своите студии пред да почне со специјализации.По професија е историчар на уметност, критичар и куратор.
 Автор е на 15 монографии на македонски уметници  како и на публикации и книги.
Има организирано многу изложби за македонската уметност во Македонија и во странство: Скопје, Битола, Грац, Рим, Брадфорд, Загреб, Белград, Минхен, Токио и други.
 Во 1978, 1993 и 2005 година Абаџиева беше комесар или заменик комесар за македонското учество на Венециското Биенале.
Таа е основач и главен уредник на македонскиот магазин за визуелни уметности “Големото стакло” од 1995 година.
Во 1999 Абаџиева е избрана за член на интернационалниот совет на АИКА.
Мелани Зeферино е куратор и научник со интердисциплинарна позадина, со специјалност во уметничките форми кои ги спојуваат различните медиуми и традиции.
Има дипломирано на ликовни уметности и е магистер по музејски студии на Универзитетот во Лестер, Обединето кралство,  како и доктор по историја на уметност (со театарски студии) на Универзитетот Ворвик, Обединето кралство.
Нејзиното работно искуство вклучува позиции опфатени во уметнички галерии, музеи и институции како Музејот на Виктор Салви Харп, Музејот на уметноста во Тел Авив со Италијанско-израелското друштво и Граѓанските музеи на Кастиљоне Олона.
Колекционер е на антички уметнички дела и има зрело работно искуство во областа на собирање во историската фабрика Ленци (кукли и керамика) како и на аукциската куќа Болафи (сопственик на Музејот за филографија и комуникации).
Таа беше директор на одборот на јавната институција која раководи со граѓанскиот театар и музичката школа во нејзиниот роден град.
Мелани е  автор на научни публикации додека пак од 2013 година е соработник со Биеналето во Фиренца како главен куратор и уредник.