Роден во Скопје, 1959 година. Основно училиште и гимназија завршил во Скопје. Од 1982 г., паралелно со студиите, работи во Музеј на град Скопје. Во 1987 г. дипломира на Институтот за историја на уметноста со археологија - Филозофски факултет - Скопје, од кога и го добива звањето кустос во Одделението за историја на уметност при Музејот на град Скопје. Во 1998 г. го добива стручното звање Виш кустос. Постипломскиот труд со наслов Ликовната поетика на Димитар Кондовски го одбранил во 1998 г. под менторство на проф. др. Борис Петковски на Институтот за историја на уметноста при Филозофскиот факултет - Скопје. Од 1998 до 2000 г. е раководител на Одделот за историја на уметноста во Музејот на град Скопје. Од 2000 до 2007 г. е директор на Музејот на современата уметност - Скопје. Од 2007 година до денес работи како Кустос Советник во Музејот на град Скопје.
Објавил над стотина есеи, ликовни критики и текстови за теоријата на визуелните уметности. Автор е на неколку значајни студии од областа на историјата на уметноста и монографии за творештвото на македонски уметници.
Позначајни трудови се студиите за творештвото на Димитар Дичо Зограф (Ѓурѓа, Скопе 1997), Сергеј Андреевски (МГС, Скопје 1998) Димитар Кондовски (Сигмапрес, Скопје 2001) Данчо Кал’чев (МГС, Скопје, 2009) и Таки Павловски (МГС, Скопје, 2011) како и монографијата за животот и делото на Димитар Кондовски (МАНУ, Скопје 2004); збирките есеи Куси резови (Ѓурѓа, Скопје 2004) и Кога лавот го изеде сонцето (Темплум, Скопје, 2016); XX ВЕК: ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ ВО МАКЕДОНИЈА - Македонија, милениумски културно-историски факти („Медиа Принт Македонија“ и Универзитетот „Евро Балкан, Скопје, 2013) и антологијата на современата македонска уметност ВИЗУЕЛНИТЕ УМЕТНОСТИ ВО МАКЕДОНИЈА - XX ВЕК, сликарство-скулптура-графика (ОСТЕН, Скопје, 2015).