Цртеж

ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ Скопје 2014

На ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ, 42.Светска галерија на цртеж – Скојпе 2014 се пријавија 460 уметници од 53 земји со 1408 дела.

Според правилникот на ОСТЕН, главните награди на БИЕНАЛЕТО НА ЦРТЕЖ ги одредува бордот, во соработка со амбасадорите на ОСТЕН. Добитници на главните награди на ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ, Скопје 2014 се:

Марина АБРАМОВИЌ [1946] - Гран При за животно остварување

Кујна VIII, од серијата "Омаж на св.Тереза", 2009
пигментен печат, 9+2АР, 136х126см. 
Јоан МИРО [1893-1983] Шпанија - Награда Светско културно наследство
Ноќта, мечката (од циклусот “Кралот Иби”) 1966   литографија, рачно потпишана, H.C., 42x65см.
Интернационалното жири во состав:

Николас ТО, САД (претседател)
Анита ХАЛДЕМАН, Швајцарија (член)
Павле ПЕЈОВИЌ, Црна Гора (член)

ги разгледа пристигнатите дела, направи избор на автори и дела кои ќе бидат застапени со по една репродукција во каталогот и донесе одлука за доделување на награди и признанија.

Oфицијалното отворање на изложбата на селектирани автори од 42. Светска галерија на цртеж – ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ, Скопје 2014 и доделувањето на наградите е на 18 септември 2014 во галерија ОСТЕН, Скопје. Изложбата ќе трае до 12 октомври 2014. На изложбата ќе бидат изложени делата на уметниците избрани од страна на интернационалното жири во првата селекција