Заради својата уникатна перспектива за уметноста, заради импресивната колекција на ОСТЕН Музејот од над 13.000 дела, заради сите креативни и иновативни форми на соработка кои помагаат подобро да се разберат и да се вреднуваат уметниците низ целиот свет, како и заради воспоставување на глобално признатиот глас од Скопје, С. Македонија – ОСТЕН е одлична основа за манифестации како што се ОСТЕН Биеналето и ОСТЕН Биеналето на наградени автори. Овие меѓусебно поврзани биенални манифестации ги привлекуваат уметницитете од целиот свет, ја едуцираат пошироката публика и ги анимираат професионалците во уметноста (куратори, историчари на уметноста, критичари...), всушност сите оние кои овозможуваат увид и продуцираат материјали кои ги документираат развојот и движењата на уметноста во нашето време.
ОСТЕН Биеналето се одржува во парните, а ОСТЕН Биеналето на наградени автори во непарните години.