ОСТЕН БИЕНАЛЕ НА НАГРАДЕНИ АВТОРИ 2013

СВЕТСКАТА ГАЛЕРИЈА НА ЦРТЕЖ е концепт-манифестација која се состои од две меѓусебно поврзани биенални манифестации:
БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ (се одржува во парните години) – конкурс за цртеж и повеќе други категории од уметноста на хартија, каде централен настан е објавувањето на наградите и изложба на селектирани дела. На неа земаат учество уметници од цел свет, а селекцијата и изборот на награди го прави интернационално жири.
БИЕНАЛЕ НА НАГРАДЕНИ АВТОРИ (се одржува во непарните години) –манифестација која се состои од Програма за престој на уметници ЗЛАТЕН ОСТЕН со натпреварувачки карактер. Централен настан е прогласувањето на ОСТЕНОВИ УМЕТНИЦИ на годината, изложба на делата продуцирани во рамките на Програмата за престој на уметници ЗЛАТЕН ОСТЕН и објавување на наградите. Тука учествуваат наградени уметници од Биеналето на цртеж, а наградите се дефинираат со воспоставен систем на гласање на Амбасадорите на ОСТЕН.

Уметници-учесници на ОСТЕН БИЕНАЛЕ на НАГРАДЕНИ АВТОРИ 2013: Владимир ВЕЛИЧКОВИЌ, Франција/Србија | Глигор ЧЕМЕРСКИ, Македонија | Ниче ВАСИЛЕВ, Македонија | Стоимен СТОИЛОВ, Австрија/Бугарија | Златко ГЛАМОЧАК, Франција/Црна Гора | Tijana KOJIC, Serbia | Јеонгмин СУХ, Јужна Кореја | Марк ФРИЗИНГ, Луксембург | Атанас БОТЕВ, Македонија | Венцеслав АНТОНОВ, Бугарија | Мирјана КРСТЕВА МАССЕТТИ, Македонија | Тони ШУЛАЈКОВСКИ, Македонија | Павле КУЗМАНОСКИ, Македонија | Новица ТРАЈКОВСКИ, Македонија | Мице ЈАНКУЛОВСКИ, Македонија | Владимир ИЛИЕВСКИ, Македонија | Зоран МАЛИНОВСКИ, Канада/Македонија | Драган КАРАЏИЌ, Црна Гора | Симонида ФИЛИПОВА КИТАНОВСКА, Македонија | Татјана МАНЕВА, Македонија | Благојче Бане НАУМОСКИ, Македонија | Агата ГЕРТХЕН, Полска | Петар МИТРОВ, Македонија | Невзат БЕЈТУЛИ - КИЦА, Македонија | Павле ПЕЈОВИЌ, Црна Гора