Атмосферата на компетенција како составен дел на организацискиот концепт, допринесе за творечки и интелектуален натпревар на еднаквите меѓу себе – 16те учесници на 39.Светска галерија на цртеж 2011 - Биенале на наградени автори, кои се истовремено и уметници на годината на ОСТЕН за 2011. Тие со делата од својата најнова продукција беа во конкуренција за една од наградите, за кои одлучија Амбасадорите на ОСТЕН - наградени автори на претходните изданија на Светската галерија на цртеж, соработници и пријатели на ОСТЕН.
ОСТЕН - уметност на хартија, посветува големо внимание на наградените автори. Нашата намера како организатори на Светската галерија на цртеж не е само еднократно да ги наградиме уметниците, туку постојано да ги поттикнуваме на предизвици - да ги предизвикуваме да се натпреваруваат и да ја стимулираме нивната продукција. Тоа е основната идеја за основањето на Програмата за престој на уметници ЗЛАТЕН ОСТЕН, која ќе се одвива исто така биенално, во годините помеѓу изданијата на Светска галерија на цртеж како биенална манифестација и каде право на учество имаат наградените автори на Светската галерија на цртеж од претходната година.
Наградени автори:
Гран при - ВАСКО ТАШКОВСКИ, Македонија
Прва награда - ПЕТЕР ХЕЈДЕК, Германија
Прва награда - СТЕФАН БЕРГЕР, Шведска
Прва награда - ПАВЕЛ ВОРХОЛ, Полска