Општи услови

На Биеналето можат да учествуваат уметници над 18 г. без разлика на нивната возраст, пол, географско потекло, или техника/медиуми во кои работат. Добредојдени се следните видови на визуелни уметности: сликарство, цртеж, графика, објекти, инсталации, фотографија, видео-арт, мултимедиајална уметност - зашто ИДЕЈАТА сметаме дека е примарна, а изведбата изразно средство.
Сепак, исклучително го цениме мислењето на Салвадор Дали дека „Цртежот е искреноста во уметноста“...

ФОРМИ НА УЧЕСТВО: ИНДИВИДУАЛНО УЧЕСТВО и ГРУПНО УЧЕСТВО (до 7 уметници)

ПРОЦЕС НА СЕЛЕКЦИЈА И ЖИРИРАЊЕ:
Селектор избран од страна на Организаторот прави листа на селектирани уметници, а од нив предлага листа на финалисти. Финалистите, со сите пријавени дела се претставуваат пред три-членото интернационално жири кое одлучува кои дела од финалистите ќе бидат изложени на официјалната изложба на Биеналето, како и за наградите од жири.

СИСТЕМ НА НАГРАДИ:
НАГРАДИ од СОВЕТОТ на амбасадори на ОСТЕН
ГРАН ПРИ ЗА ЖИВОТНО ОСТВАРУВАРУВАЊЕ
НАГРАДА СВЕТСКО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО
ПОСЕБНО ГРАН ПРИ

НАГРАДИ од ИНТЕРНАЦИОНАЛНОТО ЖИРИ
3 ПРВИ НАГРАДИ 
3 ПОСЕБНИ НАГРАДИ
3 ПОСЕБНИ ПРИЗНАНИЈА

НАГРАДИ од СОВЕТОТ на ОСТЕН
5 НАГРАДИ ЗЛАТЕН ОСТЕН
5 НАГРАДИ ОСТЕН
ПОСЕБНИ НАГРАДИ и ПРИЗНАНИЈА од ОСТЕН

НАГРАДИ во соработка со САВУ (Светска асоцијација на визуелните уметности)