Денес е време на дигитално креирање. Многу претходно нашироко користените материјали и алатки се напуштени или сведени на минимум. Мислата се издигнува до нови потенцијали и продолжува да ги открива непознаниците на природата и универзумот. Човекот понатаму ќе може да опстои само со рамнотежа меѓу материјата и енергијата, меѓу природата и технологијата, меѓу емоцијата и рациото, меѓу себеси како живо суштество и како изумител на високи технологии, преку кои креира со притискање на копчињата. Но, идеите се тие кои го движат човештвото. Идеите во уметноста се потполно независни од средствата со кои ќе бидат вообличени. Идеите ќе се појавуваат и во компјутер и на хартија, а за нив секогаш ќе биде потребен човекот.