ОСНОВНИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО на СВЕТСКАТА ГАЛЕРИЈА НА КАРИКАТУРИ
ПРОЦЕСОТ на ОРГАНИЗАЦИЈА на Светската галерија на карикатури се одвива во четири фази: апликација, селекција, жирирање и објавување на наградените карикатуристи.
КАРИКАТУРИСТИ без оглед на нивната возраст, географско потекло, пол или техника / медиум во кои работат можат да учествуваат на манифестацијата со КАРИКАТУРИ, САТИРИЧНИ ЦРТЕЖИ и/или СТРИПОВИ како:
- ОРИГИНАЛНИ ДЕЛА (рачно нацртани / насликани на хартија или друг медиум) или
- ДИГИТАЛНИ ДЕЛА (отпечатени, нумерирани и потпишани со молив)
УЧЕСТВОТО во манифестацијата е:
- БЕЗ КОТИЗАЦИЈА (доколку пријавените дела останувааат во колекцијата на Остен) или
- СО КОТИЗАЦИЈА од 20 УСД (при што неселектираните дела се враќаат по желба и на трошок на авторите)
СЕЛЕКТОР назначен од Организаторот прави список на СЕЛЕКТИРАНИ КАРИКАТУРИСТИ, а МЕЃУНАРОДНО ЖИРИ од 5 члена прави листа на ФИНАЛИСТИ и одлучува за НАГРАДИТЕ предвидени од Организаторот.
ЗА СЕКОЕ ИЗДАНИЕ на Светската галерија на карикатури ОСТЕН:
- ОБЈАВУВА НАГРАДИ кои ги доделува во УСЛОВИТЕ за УЧЕСТВО на тековното издание
- ОРГАНИЗИРА ОФИЦИЈАЛНА ИЗЛОЖБА на наградените карикатуристи, финалистите и селектираните карикатуристи со доделување на награди на наградените карикатуристи.
- ПЕЧАТИ ЕКСКЛУЗИВЕН КАТАЛОГ во кој наградените карикатуристи, финалистите и селектираните карикатуристи се претставени со по едно дело.
- ГОЛЕМА МЕЃУНАРОДНА МЕДИУМСКА И ИНТЕРНЕТ КАМПАЊА се презема за одржување и растење на популарноста на оваа престижна манифестација на карикатури.
СИТЕ КАРИКАТУРИСТИ учесници ќе бидат објавени во Индексот на учесници во каталогот на актуелното издание на Светската галерија на карикатури и СИТЕ УЧЕСНИЦИ добиваат дигитална верзија на каталогот.
СЕЛЕКТИРАНИТЕ КАРИКАТУРИСТИ и ФИНАЛИСТИТЕ се претставуваат во каталогот со една репродукција и добиваат дигитална ПЛАКЕТА за ИСТАКНАТ КАРИКАТУРИСТ или ФИНАЛИСТ.
НАГРАДЕНИТЕ КАРИКАТУРИСТИ добиваат ПАРИЧНА НАГРАДА (доколку следува со добиената награда), ПЛАКЕТА и КАТАЛОГ по пошта,
* Доколку одлучат да дојдат во Скопје при организирањето на официјалната изложба и доделувањето на наградите на Светската галерија на карикатури, ОСТЕН обезбедува нивно 3-дневно сместување.
СИТЕ СЕЛЕКТИРАНИ ДЕЛА остануваат во колекцијата на ОСТЕН Музејот, а останатите се враќаат по барање и на трошок на карикатуристите со препорачана пратка по пошта. ОСТЕН не сноси одговорност за евентуални штети или губиток на испратените дела.
СИТЕ ДЕЛА КОИ ОСТАНУВААТ ВО КОЛЕКЦИЈАТА НА ОСТЕН се сметаат за донација од нивните автори и тие НЕ СЕ за комерцијални цели. Со донирањето на делата од страна на авторите ОСТЕН се стекнува со:
- ЕКСКЛУЗИВНО МАТЕРИЈАЛНО ПРАВО врз делата (и обврска да ги чува)
- НЕ-ЕКСКЛУЗИВНО ПРАВО делата од својата колекција да ги користи, проучува, изложува и публикува за реклама и промоција на карикатуристите, колекцијата и самата манифестација, без надокната на уметниците и без ограничувања за видот на медиумот, временскиот период и местото на објавување. Секој друг аспект на авторските права на делата од колекцијата на ОСТЕН остануваат на авторите.
Во случај на други околности, ќе се направи НОВА СПОГОДБА помеѓу ОСТЕН и авторите.
Повремено, ОСТЕН ќе организира тематски конкурси за дигитална карикатура, но тие ќе бидат посебно најавувани и промовирани.