Селектор и жири

Селекторот и членовите на жири на 52-та Светска галерија на карикатури Скопје 2020 работеа професионално, транспарентно, отворено кон заедницата на карикатуристи и нивната одлука е конечна и неотповиклива.
Изјава на жирито:
Самиот процес на селекција и жирирање беше предизвикувачки со сите „за“ и „против“ кои произлегуваа во текот на работата. Знаеме дека идеите летаат е не е сосем можно да се знаат сите слични и веќе објавени дела кои постојат во дивата шума на карикатурите. Сосема различна приказна може да се раскаже со исти елементи. Реперот на заедницата на карикатуристи е од голема помош во тој поглед.